Изберете аеродром
 
  SKP :  28.03.2017,14:03
 
 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Патниците кои патуваат од аеродромот „Александар Велики“ Скопје треба да пристигнат 120 минути пред предвиденото време на полетување и треба да се пријават на шалтерите за регистрација на патници и багаж кои се наоѓаат во салата на терминалот, означени со бројот на лет и дестинацијата на патување.

Пријавувањето на патниците и багажот се врши со покажување на авио-билетот и важечка патна исправа. Пријавувањето може да се изврши и преку интернет, за повеќе иниформации посетете ја следната страница: WEB CHECK-IN

Шалтерите за регистрирање на патници за меѓународни континентални летови затвораат* 40 минути пред предвиденото време на полетување (STD), а за меѓународни интерконтинентални летови затвораат* 60 минути пред предвиденото време на полетување.

По пријавувањето, патниците се упатуваат на царинска и пасошка контрола и треба да се присутни на излез** за бординг најдоцна 30 минути пред предвиденото време на полетување за меѓународни континентални летови, а најдоцна 45 минути пред предвиденото време на полетување за меѓународни интерконтинентални летови:

 

Време на затворање на шалтер за пријавување* пред STD

Отворање на излез** за бординг пред STD

Меѓународни континентални летови

-40 минути

-30 минути

Меѓународни интерконтинентални летови

-60 минути

-45 минути

*До затворање на шалтерите за регистрација на патници мора да сте пријавени (преку интернет, СМС, мобилен, на шалтер за пријавување или преку апарати за само-регистрација), мора да имате бординг карта и багажот мора да ви е пријавен.

  **Патникот треба да е присутен на излез за бординг не подоцна од наведеното време.

Документи за патување

Пред патувањето треба да проверите дали вашиот пасош е валиден за време на периодот кога патувате и дали ги имате потребните визи.

Авиобилети

Вашиот авиобилет може да го набавите директно од авиопревозникот или преку овластените патнички агенции.

 
 
 
  SKP :  28.03.2017,14:03
Временски услови
13°C Current
Притисок:33051.17 mb
Ветер:0.00 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
13 °C 2/18 °C 6/21 °C
Вести
Скопскиот аеродром на листата на најдобрите 10 во Источна Европа ...
20/3/2017
ТАВ НАЈАВУВА: Еуровингс ќе почне да лета од Скопје до Минхен од октомври ...
17/3/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter