Изберете аеродром
 
  SKP :  30.08.2014,22:29
 
 

ЗА КОМПАНИЈАТА


Успешна приказна напишана со знаење, искуство и креативност во аеродромското работење.

Холдингот ТАВ Аеродроми кој е основан во Истанбул во 1997 година како заедничко вложување на групациите Тепе и Акфен, ја заврши изградбата на меѓународниот терминал на аеродромот Ататурк во Истанбул за период од само две години. 10-годишната приказна на ТАВ започна со отворањето на меѓународниот терминал во 2000 година. Откривајќи го модерното лице на Турција, овој проект беше првиот конкретен чекор во успешната приказна на ТАВ.

Развивајќи се со претходно незабележан успех во рамките на краток временски период преку употребата на техничко знаење, високо-квалификувана работна сила и напредна технологија, ТАВ сега е глобален бренд, како за проекти за изградба на аеродроми, така и за аеродромско работење.

Во согласност со корпоративните цели на компанијата, во 2006 година ТАВ направи реконструкција организирајќи ги оперативниот дел и изградбата соодветно во ТАВ Аеродроми и ТАВ Констракшн. Со постојаните напори да ги подобри своите постигнувања и да ја претстави Турција на најдобар можен начин, ТАВ Аеродроми јавно се презентираше во 2007 година по спроведената реорганизација.

Денес, опслужувајќи во просек 420 илјади летови и 48 милиони патници од 300 авиопревозници годишно преку многуте свои филијали, ТАВ Аеродроми уште повеќе ја зајакнува својата позиција на пазарот во Турција, Источна Европа, Кавказ, Блискиот Исток и Северна Африка, преземајќи одлучни чекори и успешни проекти.

Управувајќи со домашните и меѓународните терминали на аеродромите Ататурк во Истанбул и Анкара Есенбога, меѓународниот терминал на аерoдрoмот Аднан Мендерес во Измир и меѓународниот аеродром Газипаша во Анталија, ТАВ Аеродроми, исто така, ги раководи аеродромите во Тбилиси и Батуми во Грузија, аеродромите Монастир и Енфидха во Тунис и меѓународните аеродроми во Скопје и Охрид во Македнија.

Под чадорот на ТАВ Аеродроми е собран широк опсег на услужни компании кои го отсликуваат концептот за интегрирани услуги на ТАВ. ТАВ Аеродроми управува со етаблираната компанија Хаваш и придружните компании ТГС и Норт Хаб Сервисес. Исто така, ТАВ Аеродроми за бесцаринските продавници соработува со АТУ, за услугите за храна и пијалоци преку БТА Кетеринг, а ги наплаќа неавијациските услуги под ТАВ Оперативни Услуги. ТАВ ИТ управува со информатичката техологија на ТАВ, а услугите за приватно обезбедување ги користи од ТАВ Приватно Обезбедување. Дополнително, ТАВ Аеродроми го презема управувањето со безцаринските продавници, одделите за храна и пијалоци и комерцијалните делови од аеродромот Рига во Летонија за период од 10 години, почнувајќи на 1 јануари, 2011 година.

Како водечки аеродромски оператор во Турција, холдингот ТАВ Аеродроми продолжува да спроведува проекти за доброто на луѓето во согласност со неговите некомпромитирачки цели и принципи, вработувајќи повеќе од 18 илјади вработени на три континенти.

Во аеродромското работење, пулсот е интензивен 24 часа на ден. Наоружан со својата свесност, холдингот ТАВ Аеродроми ги опслужува своите потрошувачи со искусниот и срдечен персонал на секој чекор: од паркингот до безбедносната проверка, од пријавувањето до кафулињата, од бесцаринските продавници до излезните порти.

Стремејќи се да обезбеди исклучителни улуги со интегрирана структура на аеродромите низ кои минуваат илјадници луѓе секој ден -- прераснувајќи од локална во глобална компанија -- ТАВ Аеродроми си постави цел да постигне опслужување на 100 милиони патници во следните десет години.

 
 
Испрати ја страната
 
  SKP :  30.08.2014,22:29
Временски услови
22°C Current
Притисок:1015.92 mb
Ветер:14.48 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
22 °C 17/30 °C 17/31 °C
Вести
„Алиталија“ и „ТАВ Македонија“ го поврзаа Скопје со директен лет до вечниот град Рим ...
6/5/2014
„ТАВ Македонија“ и „Виз ер“ во француски стил ги испратија првите патници од Скопје до Париз ...
5/4/2014
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter