Изберете аеродром
 
  SKP :  22.06.2017,20:32
 
 

БАГАЖ

На патниците им е дозволено да понесат со себе само едно парче рачен багаж. Рачниот багаж е напријавен багаж кој се носи со себе во патничката кабина под личен надзор на патникот.

На патниците им е дозволено бесплатно да носат во авионот: палто, 1 чадор или помошно стапче за одење, 1 женска чанта, 1 мал фотографски апарат или двоглед, 1 торба за бебе, 1 пар штаки и/или протеза или какво било протетичко помагало, останата медицинска опрема од која патникот е целосно зависен, материјал за читање во разумни количини како и разумни количини на бебешка храна.

Останатиот багаж е пријавен багаж. Регистриран багаж е оној багаж кој е под надлежност на авиопревозникот и за кој превозникот потврдува дека багажот е пријавен (се забележува во авиобилетот) и се издава идентификациски привезок за секое парче багаж. Пријавениот багаж останува во воздухопловот, во оној со кој што патува патникот.

Сите парчиња багаж кои се пријавуваат мора соодветно да бидат спакувани во доволно цврсти куфери или слични торби за да бидат безбедно транспортирани. Секое парче багаж мора да има име, презиме и адреса на патникот.

Регистрираниот багаж не би требало да ги содржи следните предмети: кршливи предмети, вредносни предмети, расипливи стоки, опасни материи. Се препорачува долунаведените предмети да не се пренесуваат во рачниот багаж: патнички документи, медицински уверенија, деловни документи, лаптоп-компјутери со мали димензии и останати електронски уреди, музички инструмети, слики, итн., пари, накит, хартии од вредност, лекови.

На редовните летови, на возрасните и децата над двегодишна возраст им е дозволен багаж од 20 кг. во економска класа и до 30 кг во бизнис класата. Доколку вашиот багаж преминува некои од овие ограничувања, обично дополнително се наплаќа. За САД, американските териитории, Канада, Мексико и Јужна Америка дозволениот багаж се ограничува по парчиња. Освен тоа, секое парче багаж не треба да ја премине дефинираната големина и тежина. За повеќе информации ве молиме контактирајте со вашата авиокомпанија или претставникот на агенцијата со која патувате.

 
 
 
  SKP :  22.06.2017,20:32
Временски услови
28°C Current
Притисок:32881.85 mb
Ветер:22.53 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
28 °C 15/32 °C 18/33 °C
Вести
ТАВ донесе 5 блогери да ја промовираат Македонија кај турските туристи...
30/5/2017
Известување за патниците...
21/4/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter