Изберете аеродром
 
  SKP :  22.02.2017,07:11
 
 

БЕЗБЕДНОСНИ СОВЕТИ

Патници – Совети за безбедност

На 4 октомври 2006 година Европската комисија усвои мерки со кои се забранува носење течности во воздухопловите. Регулативата која стапи во сила на 6 ноември 2006 година е одговор на новите закани во цивилното воздухопловство.

Регулативата придонесува за поголема безбедност во цивилното воздухопловство и не остава можност за потенцијални терористички напади за кои се користат течни експлозиви, и со оваа мерка се постигнува безбедносните мерки да бидат еднакви насекаде низ ЕУ. Регулативата ги ограничува течностите кои патниците можат да ги пренесат низ контролните пунктови на аеродромот каде се врши безбедносна проверка, а потоа во воздухопловот. Се применуаат на сите летови кои полетуваат од аеродромите во ЕУ, без оглед на дестинацијата и националната припадност на превозникот.

Овие правила важат само за рачниот багаж. На патниците се уште им е дозволено да носат мали количини на предмети за лична употреба во нивниот рачен багаж (парфеми, креми, гелови итн.), само доколку пакувањата не содржат повеќе од 100 мл и можат лесно да се сместат во прозирни пластични кеси (волумен: еден литар). Патниците мора да ги покажат спакуваните течностите на контролните места и да ги приложат на безбедносната проверка. Дозволени се одредени исклучоци како лекови и храна која е потребна за време на летот, вклучувајќи ја и бебешката храна.

Дополнително, со овие правила се бара од патнците да ги соблечат нивните јакни и сакоа на местата каде се врши безбедносна контрола, и воедно треба да ги извадат лаптоп компјутерите и поголемите електронски уреди од нивниот рачен багаж. Регулативата, исто така, дефинира и одредени дозволени димензии за рачниот багаж (56см х 45см х 25см), со можност за одредени исклучоци, како на пример за музички инструменти.

Забранети предмети

Општо земено, не би требало да се пренесуваат супстанци и предмети како што се: радиоактивни материјали, експлозиви, запалливи течности, боци со пропан и/или бутан, оружје (освен за лов или за спортски цели), ножеви, отрови, корозивни супстанци, киселини, магнети, ниту пак заразни тела, како што се вируси и бактерии. Во опасните предмети, исто така, се вбројуваат и спрејови на база на аеросоли, кибрит и останати опасни материи како магнетизирани или иритирачки материјали. Треба да се земе предвид дека ова не е комплетна листа на опасни материи. Носењето опасни предмети во воздухопловот е законски прекршок и е казниво со закон. Ве молиме консултирајте се со авиокомпанијата или претставникот на агенцијата со која патувате за повеќе информации.

ЛИСТА НА ЗАБРАНЕТИ ПРЕДМЕТИ (PDF, 67kB)

 Домашни миленичиња

Патниците мора да ги направат сите потребни подготовки при транспортот на миленичиња, како доставување на соодветната документација пред нивното патување. По правило домашните миленичиња се транспортираат во засебен дел за карго во трупот на воздухопловот. Авиокомпанијата дозволува мали домашни миленичиња во патничката кабина (како што се кучиња, мачиња, птици). Миленичињата треба да се пренесуваат во соодветни кафези или торби со водоотпорно дно. Транспортот на миленичињата се наплаќа по цените наведени за дополнителен багаж. Ве молиме консултирајте се со авиокомпанијата или претставникот на агенцијата со која патувате за повеќе информации.

Огнено оружје

При пријавувањето, доколку носи какво било огнено оружје патникот мора да го пријави, а оружјето може да биде транспортирано заклучено во специјален оддел за багаж, под надзор на капетанот. За повеќе информации ве молиме контактирајте со вашата авиокомпанија или претставникот на агенцијата со која патувате.

Безбедносни совети

Ве молиме не оставајте го вашиот багаж без надзор. Не пакувајте во багажот опасни предмети и не носете багаж на други луѓе. Предметите добиени од непознати лица треба да бидат предадени на овластен персонал на шалтерот за пријавување на патници и багаж.

 
 
 
  SKP :  22.02.2017,07:11
Временски услови
2°C Current
Притисок:32915.71 mb
Ветер:0.00 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
2 °C 1/12 °C 2/13 °C
Вести
ТАВ преговара со Еуровингс за летови до Минхен и Дизелдорф...
6/2/2017
На македонските аеродроми менаџирани од ТАВ во 2016 минале 1.8 милиони патници...
11/1/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter