|
ВИП и ЦИП салоните се дел о аеродромскиот комплекс. Салоните се наоѓаат во ВИП просторот надвор од терминалната зграда, со сопствен паркинг простор, 4 салони (2 на приземје и 2 на првиот кат), уреди, апарати, техника, компјутери (24 часа интернет пристап) и професионално опслужување на сите видови на патници и услуги за делегации (ВИП, ЦИП, ПИП).
Овие салони ги користат:
- ВИП патници (многу важни личности) важни политички личности од Република Македонија и надвор од неа.
- ЦИП патници (важни личности од областа на трговијата) важни личности од економскиот живот во Република Македониа и надвор од неа.
- ПИП патници (важни личности од јавниот живот) важни личности од јавниот живот во Република Македонија и надвор од неа.
- Исто така останатите лица (патници и делегации) кои имаат потреба од брза, квалитетна и репрезентативна услуга за нив или нивните гости.
Патниците се пречекувани од персоналот кој освен знаење, поседува пракса и професионално искуство, ообена култура, смиреност и одговорно однесување со што ја претставуваат нашата земја и со овие првични импресии всушност започнува и вашето пријатно патување до или од аеродромот “Александар Велики”.
Сите информации за услугите и користењето на салоните можете да ги добиете на:
Тел: 02 3148 319 02 3148 359
Факс: 02 2561-037
email: protokol@airports.com.mk |