Карго Центарот е во состав на Аеродром „Александар Велики“ - Скопје.
Наши коминтенти се бројни авиокомпании, Шпедиции, Продажни агенти и Транспортни организации. Повеќето авиокомпании имаат сопствени продажни агенети во Македонија. Ние нудиме услуги за прифат и отпрема на следните авиокомпании: Adria Airways, Austrian Airlines, Malev, CSA, JAT, Turkish Airlines, Alitalia, MAT и други. За овие компании припремаме пратки и обезбедуваме документација и физичка поддршка, бидеќи имаме склучено договор врз база на стандардите за карго услуги на земја, потоа безбедносните регулативи во воздушниот сообраќај и царинските прописи.
За сите прашања во врска со царината и царинските постапки обратете се на телефонскоит број: +389 2 3148 636 или e-mail: sumanski@airports.com.mk
Карго центарот е лоциран на Аеродром „Александар Велики“ - Скопје, а има пристап до автопат Е-75.
Белград (Србија) 420 km Софија (Бугарија) 250 km Тирана (Албанија) 230 km Солун (Грција) 230 km Атина (Грција) 700 km Загреб (Хрватска) 815 km Приштина (Косово) 90 km Сараево (Босна и Херцеговина) 450 km
Карго Центарот зафаќа покриена површина за складирање од 2700 m², а поседува опрема за опслужување на авионски пратки, како и опрема за товарење и растоварување на авионот. Опремени сме и со разладна комора за чување на лесно расиплива стока. Капацитетот на Карго Центарот е доволно голем за да ги опслужи и големите карго пратки. Во Карго Центарот постои безбедносен систем (24 часовен видеомониторинг) како и информативен центар, што обезбедува висок квалитет на услугите.
Магацински простор - увоз 900 m² Магацински простор - извоз 450 m² Магацински простор - специјално карго (во фаза на подготовка) 900 m² Разладна комора (2° C - 8° C) 40 m³
Вид на опрема Парчиња Рачен вилушкар (1200 kg) 5 Вилушкар (3000 kg) 1 Вилушкар (1000 kg) 2 Трактор 2 Рентген апарат „Haiman“ 1 Вага до 50 kg 1 Вага до 500 kg 2 ULD колички 10
Прифат и отпрема на стока ce врши во работното време на аеродромот, од 05:15 до 22:30 часот, локално време. Вообичаеното работно време за прием и отпрема на пратки и други работи во царинскиот склад за увоз и извоз со странки: • Понеделник - Петок: од 08:00 до 19:00 часот • Сабота: од 08:00 до 14:00 часот
Складот може да биде отворен и вон работното време за специјално карго, но со претходна најава. Во таков случај, треба да се поднесе писмено барање до шефот на одделот на факс: +389 2 3148 626 или на e-mail: stojkov.marjan@airports.com.mk најмалку 24 часа порано. |