Изберете аеродром
 
  SKP :  28.03.2017,14:04
 
 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Потребно време
Потребно време за прифат на пратки и достава на документи на Аеродромот „Александар Велики“ - Скопје

Следното се однесува на лесни стоки транспортирани со патнички авион или камион (RFS):

 

 

 

Време на испорака пред заминување

Прифаќање на стока

Генерално карго кое може да се транспортира

до 180 мин

Испорака на Карго манифест

Комплетирање документи заради манифестирање и достава на карго за утовар во воздухоплов

120 мин

Анекс на карго маниф.

До 1000 кгр и 2 товарни листа

90 мин

LMC карго манифест

Само специјално карго: (VAL, PER, AVI, LHO, PRESS)

90 мин

За поголема количина на стоки транспортирани со патнички или карго авион, неопходно е претходно да се направи договор со транспортната компанија, така што погоре наведените информации не се однесуваат на таквите случаеви.

Прием на стока за извоз
Процедура за припремање на стока за извоз
Начинот на кој Вашата пратка ќе патува и состојбата во која ќе пристигне на одредената дестинација во голема мерка зависи од испраќачот. Целокупниот процес на припремање на пратката за испраќање започнува по добивањена налог (складишница). Вашата одлука за типот на транспорт треба да се базира на потребите на примачот, во смисол на количина, итност и трошоци за транспорт. Потоа, стоката треба да е добро спакувана и означена.
Кога стоката е спремна за транспорт, треба да контактирате со Вашата Шпедиција, но и да резервирате простор за Вашата пратка за целото патување до крајната дестинација.
Вашата Шпедиција ќе Ви побара детални информации за стоката што ја испраќате. По потврдувањето на резервацијата, треба да ги припремите сите неопходни документи за пратката. Налог за извоз, фактура, царинска декларација и други неопходни информации се податоци за испраќачот и примачот, број на AWB, аеродром на испраќање и на дестинација, вид на стока, начин на плаќање, време на испорака, осигурување и царинска постапка. Ако Вашата шпедиција не ви организира транспорт, потребно е пратката да ја донесете до аеродромот.
Откато пратката е испратена, се препорачува сите информации за пратката да ги пратите на примачот, така што тој ќе ги припреми неопходните документи за прием на пратката пред таа да пристигне до соодветната дестинација.Имајте предвид дека шпедитирањето е комплексна работа. Препорачуваме да се консултирате со Вашиот шпедитер пред испраќање на било каква пратка, а тој ќе Ви даде неопходни информации за било какви специјални услови или предности кои ги нудат авиокомпаниите.

Прием на пристигнати пратки во увоз
• По добиената информација за пристигната пратка потребно е да го откупите товарниот лист или да контактирате со Вашиот шпедитер заради започнување на царинската процедура.
• Потоа, завршете ја царинската процедура. За завршување на овие процедури можете да ополномоштите некоја од шпедитерските компании кои работат на Аеродром „Александар Велики“ - Скопје,
• По плаќање на трошоците за услугите, пратката ќе Ви биде издадена од складот.
• Потврдете го приемот на пратката со потпис на налогот за издавање на пратката.

Забелешка:
Рокот на чување на пратката во царинскиот склад е до 20 дена согласно позитивните царински прописи. По истекување на овој рок ќе се отпочне со постапка за уништување на пратката, а направените трошоци ќе се наплатат од приемачот на пратката односно неговиот ополномоштен застапник кој го откупил товарниот лист.

Посебни типови на стока
Специјални типови на стока вклучуваат пратки кои бараат посебен прием, складирање, товарење и транспорт, заради нивната природа (опасни материи, животни, лесно расиплива стока, човечки посмртни остатоци и сл.), вредносни пратки, големи и тешки пратки, или во зависност од државните закони (оружје, муниција и сл.).

Специјални процедури се применуваат со цел да се заштитат:
• Превозниците,
• Персоналот кој ја опслужува стоката,
• Другите пратки,
• Самата пратка.

Карго Операции при Аеродром „Александар Велики“ - Скопје нуди прием, складирање и испраќање на сите типови пратки согласно IATA стандардите и TACT регулативите.
Специфичните услови се однесуваат и на пакување, означување и складирање на таквите стоки, па затоа советуваме да се консултирате со Карго Операции на тел.: +389 2 3148 636; +389 2 3148 627 и e-mail: zvonko.sumanski@tav.aero или со Вашиот шпедитер пред испраќање на вакви пратки.

 

 

 

 
 
 
  SKP :  28.03.2017,14:04
Временски услови
13°C Current
Притисок:33051.17 mb
Ветер:0.00 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
13 °C 2/18 °C 6/21 °C
Вести
Скопскиот аеродром на листата на најдобрите 10 во Источна Европа ...
20/3/2017
ТАВ НАЈАВУВА: Еуровингс ќе почне да лета од Скопје до Минхен од октомври ...
17/3/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter