Изберете аеродром
 
  SKP :  20.01.2017,04:43
 
 

ШПЕДИТЕРСКИ УСЛУГИ

Службата шпедицијата е формирана во 1997 година со цел да Ви помогнеме, Вашата работа да се заврши брзо, ефикасно и доверливо. Во секое време сме достапни за информација, податоци и совети.
ТАВ Македонија ја има лиценцата за вршење на работи за застапување во царински постапки број 315/ 2010 година.

Дејност:
- Организирање на авиотранспорт и изготвување на авионски товарен лист
    Со нашето повеќегодишно искуство и постојаната едукација, може да организираме испорачување на Вашата пратка до сите дестинации во светот, за најкратко можно време.
    Поседуваме валидни лиценци издадени од сертифицирани авиокомпании, членки на “IATA” и тоа: Лиценца за основен карго курс (Certificate for Basic Cargo Course) и Лиценца за превоз на опасни материи (Certificate for Dengerous Goods Regulations),
    Организираме превоз на специјално карго (HUM, AVI, PER, ICE …)
    Продажни агенти сме на повеќe авиокомпании кои оперираат на Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје и тоа: JAT, Croatia Airlines, Adria Airveys, Malev, CSA, Turkish Airlines, Lufthansa Cargo.
- Царинско застапување: Царинење на Ваша сметка и застапување во царински постапки при увоз и извоз на стоки.
- Изготвување на царински документи за транзит на стока.
- Царинско застапување на Дипломатско Конзуларни претставништва.
- Превоз на стока:
     Достава на пратки од Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје до кое било место во Скопје или Р. Македонија.
    Преземање пратки од кое било место од Скопје или Р. Македонија до Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје.

Коминтенти:
• Дипломатско-конзуларните претставништва: Амбасадата на САД, Амбасадата на В. Британија, Швајцарска амбасада, OSCE, Амбасадата на Р. Хрватска, Светската здравствена организација (WHO).
• Авиокомпани: Croatia Airlines, Adria Airways, Turkish airlines, Swiss Airlines, Austrian Airlines, Alitalia i Malev.
• Домашни фирми: Адриамед, АГС, Диоптра, Бисера комерц, Дигиком, Ланком принт, Светлост 94, Стерна, ВТ Компани, ААМ, Алтекс, Кине Нагел, Македонијалек, Мелон солутионс и др.

Контакти
Тел: + 389 2 3 148 640
Факс: + 389 2 3148 639
SITA: SKPFFXH

Орхан Сабит
Senior Supervizor
e-mail: orhan.sabit@tav.aero

Бошко Аврамовски
Царински застапник
e-mail: freightforwarder@tav.aero

Ѓорѓи Митровски
Царински застапник
e-mail: freightforwarder@tav.aero

 
 
 
  SKP :  20.01.2017,04:43
Временски услови
0°C Current
Притисок:33355.94 mb
Ветер:0.00 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
0 °C -4/0 °C -6/0 °C
Вести
На македонските аеродроми менаџирани од ТАВ во 2016 минале 1.8 милиони патници...
11/1/2017
ТАВ го назначи Крстевски за член на Бордот, Ерсој е новиот генерален директор ...
4/1/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter