E-mail  l  Содржина  l  Контакт
 Intranet  E-mail
MKEN
За насЛетовиПатнициСодржини и сервисиДо аеродромотКарго
    SKP време:  08.09.2010, 16:45
 

Дестинации
Destinations Map
Каде би сакале да патувате? Проверете кои дестинации се достапни од Скопје...
види ги сите»
ВЕСТИ
 

IATA И ICAO ЈА ЗАЈАКНУВААТ СОРАБОТКАТА
11 Септември 2009 година

Монтреал – Генералниот Директор на Здружението за Меѓународен воздушен транспорт (IATA) ја истакна важноста на соработката со Организацијата за меѓународно цивилно воздухопловство (ICAO) со цел да се обезбеди дела  авио транспортот и натаму ја унапредува безбедноста и да работи во корист на животната средина, постигнувајќи финансиска одржливост.”Како што светската рецесија продолжува да го зема својот данок во авијациската индустрија, ние исто така се соочуваме со предизвици во однос на основните приоритети во нашата  индустрија - вклучувајќи ги безбедноста и околината. Потребата од соработка меѓу индустријата и владата а со цел да се надминат овие предизвици е поголема од било кога ,” истакна Bisignani во своето излагање на  собирот на претставници на ICAO и Raymond Benjamin генералниот секретар на ICAO.

Bisignani  нагласи дека заштитата на околината е приоритет за двете светски организации.”На авијацијата и е потребен глобален секторски приод  а во целите на решавање на емисиите под раководство на ICAO. Ова е визијата од Kyoto. Истата мора да се одржи до средбата во според Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени која ќе се одржи во Копенхаген во декември”речеBisignani..

Како дел од подготовките за средбата во Копенхаген,  ICAO ќе биде домаќин на средба на високо ниво за меѓународната авијација и климатски промени во Монтреал од 7 до 9 октомври 2009. “IATA е подготвена да направи се што е потребно за да даде поддршка на постигнување на поволни резултати во Монтреал со што ќе се поврзат начелото на универзалност на ICAO со пристапот на заедничката, но истовремено строго дефинирана одговорност на  UNFCC,”рече Bisignani.

“Авио транспортот е прва светска индустрија која се обврза на раст без зголемување на јаглен диоксид. Тоа ќе го постигнеме дефинирајќи доста куса временска рамка до 2020.  Нашиот успех зависи од напредокот на Владите да спроведат поефикасно управување со авио сообраќајот, да создадат законска и финансиска рамка  за поддршка на развојот на одржливи био-горива  за авијацијата и целни вредности за ефикасноста на горивата за новите воздухоплови ”рече Bisignani.

Безбедноста е врвен приоритет во индустријата и совршен потсетник за силата и соработката на ICAO/IATA во постигнувањето на импресивни резултати,” рече Bisignani при потпишувањето од страна на двете организации на комерцијален договор за создавање на интернет-базирани производи во поддршка на  безбедниот транспорт на опасни материи.
Во рамките на ова партнерство ќе бидат развиени два производа:
iShip е наменет за шпедитерите . Овој производ ги интегрира превозните алатки за опасни материи врз основа на IATA содржината на Регулативата  за опасни материи. iShip ќе биде достапен во првата половина на 2010 година.

DGOnline ќе прикажува, од било кој компјутер или мобилен апарат со интернет пристап, најнови информации од водечките регулаторни публикации за опасни материи и други публикации од индустријата,  вклучувајќи ги државните и компаниските одредби и новости на повеќе јазици. Овој производ ќе биде достапен до крајот на оваа година.
“ Јас сум уверен дека под раководството на Генералниот Секретар Benjamin работата на нашите две  организации  значително ќе придонесе авио транспортната индустријата да биде безбедна, „позелена“ и профитабилна,” подвлече Bisignani.

 
Испрати ја страната
 
Временски услови
Темп. Притисок Ветер
32°C 982.05 mb 9.66 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
32 °C 16/30 °C 16/29 °C
Вести
01.01.2010
IATA вели договорот од Копенхаген се движи во вистинска насока...
02.12.2009
IATA изјавува дека предлогот на Еуроконтрол за надоместок е неприфатлив...
11.09.2009
IATA и ICAO ја зајакнуваат соработката...
архива »
 
За нас l Летови l Патници l Содржини и сервиси l До аеродромот l Карго