IATA ИЗЈАВУВА ДЕКА ПРЕДЛОГОТ НА ЕУРОКОНТРОЛ ЗА НАДОМЕСТОК Е НЕПРИФАТЛИВ 2 Декември 2009 година Женева - Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA) остро реагираше кон предлозите на 19 од 34 земји членки на Еуроконтрол за зголемување на надоместокот за прелети во 2010. Предлогот од 19-те земји ќе резултира со нето зголемување од 2.7% во просек за надоместоците во 2010. год. или 360 милиони УСД. Овие предлози беа дадени на 25-ти. Ноември пред сосотанокот на проширениот комитет на Еуроконтрол за надоместок за прелети на кои присуствуваа држави представнички на давателите на услуги за воздушна навигација (ANSPs) и авио компаниите од регионот.
“Им аплаудирам на 15-те држави кои планираат да ги намалат или замрзнат нивните такси за навигација при прелет. Но заштедите што тие ги направиjа беа збришани од монополисти без контрола и одвоени од реалноста. предложувајќи зголемување на таксите на средина од невидената криза во индустријата. Влијанието на зголемувањето од 2.7% е еднакво на дополнителни 360 милиони УСД кон трошоците на авиокомпаниите. “Тоа не е прифатливо” изјави Џовани Бисињани генералниот директор на IATA.
IATA, со потполна поддршка од Европската Комисија, ги повика сите даватели на услуги за воздушна навигација при Еуроконтрол да ги намалат своите такси во 2010. год. Одговорот беше како што следува:
* Осум држави предложија зарзнување на таксите на нивото од 2009. год.: Белгија, Македонија, Кипар, Норвешка, Шпанија, Швајцарија, Словенија и Словачка.
* Седум држави предложија намалувања под нивото од 2009. год.:
Португалија, Грција, Хрватска, Молдавија, Малта, Бугарија и Финска
* 19 држави предложија зголемување над нивото од 2009. год.: Ерменија, Србија, Полска, Романија, Унгарија, Австрија, Турција, Босна и Херцеговина, Шведска, Франција, Албанија, Англија, Ирска, Данска, Чешка, Германија,
Холандија и Литванија.
Најголемо зголемување беше предложено од Ерменија 32%. Прилагодувајќи се кон големината на транспортот кој се обработува, најголемо влијание на зголемувањето ќе се осети од предлозите за зголемување во Полска (+18%), Романија (+17%), Австрија (+14%), Франција (+6%), Англија (+5%) и Италија (+4%). “За да преживееме, ние треба да ги намалиме трошоците. Товарот мора да биде споделен низ синџирот на вредностите – вклучувајќи ги нашите партнери од ANSP. Неприфатливи и без основа предлози од 19-те земји од Еуроконтрол и давателите на услуги – ANSP, покажуваат без сомнение дека ние мораме итно да вградиме цврст план за работа под регулативата за единствено европско небо” изјави Бисињани.
Извор: IATA |