IATA ВЕЛИ ДОГОВОРОТ ОД КОПЕНХАГЕН СЕ ДВИЖИ ВО ВИСТИНСКА НАСОКА 1 Јануари 2010 година 21. Декември 2009.
Копенхаген – Меѓународната организација за воздушен сообраќај (IATA) го поздрави Договорот од Копенхаген како важен чекор во вистинска насока кон климатските промени. Емисиите на гасови во воздухопловството директно не се обработени во договорот, но согледани се про-активните мерки што ги превзема авио индустријата со предизвикувачките цели што сама си ги поставила заедно со агресивната стратегија за нивно остварување.
Индустријата ќе продолжи да работи за да ги достигне овие глобални цели, кои беа дефинирани од државите членки на Меѓународната Организација за цивилно воздухопловство (ICAO) на состанокот за екологија на високо ниво во Октомври 2009. предводен од Генералниот Секретар на ОН г. Бан Ки Мун и Џовани Бисињани Генералниот Извршен Директор на IATA, во Њујорк подоцна истиот месец. IATA ќе продолжи да работи со ICAO за да се развие глобална рамка за справување со емисијата во воздухопловството.
“Ние дојдовме во Копенхаген за да бидеме дел од договорот и бевме охрабрени од нивото на подршката кон глобалниот секторски пристап и целите на индустријата. Ние ќе продолжиме да вршиме притисок на државите да ги вклучат овие глобални цели во било кои идни договори” изјави Бисињани. “Авио компаниите, аеродромите, давателите на аеро-навигациските услуги и производителите се засилени во своите убедувања: (1) да се подобри ефикасноста на употребата на горивото во просек за 1.5% годишно до 2020, (2) да се стабилизира емисијата на јаглен од 2020 со јаглен- неутрален развиток и (3) нето редукција на емисијата на јаглен за 50% до 2050 споредено со 2005” тој додаде.
Бисињани изјави “Ние исто така пронајдовме консензус помеѓу делегациите дека треба да се воспостави глобален секторски пристап кон емисијата на гасови во воздухопловството со ICAO, специјализираната агенција на ОН за воздухопловство. Ние тесно ќе соработуваме со ICAO за да се припреми глобалната рамка за справувањето со емисијата на гасови во воздухопловството за разгледување на состанокот на ICAO во Септември 2010. Ние ќе бараме од владите да обезбедат оваа рамка да биде презентирана на следната Конвенција за климатски промени COP16 во Декември 2010. Во меѓувреме ние ќе продолжиме да бараме од владите да одбегнат креирање на разни национални и регионални решенија и да се обезбеди дека емисијата на гасови во воздухопловството ќе се решава глобално како сектор ширум светот. Глобалниот секторски пристап поддржан со крупни цели е единствен разумен пат кон напредокот за глобалната индустрија.”
Глобален секторски пристап, според ICAO, за справување со емисијата во воздухопловството ќе обезбеди равноправни услови за игра. Пристапот се состои од три главни елементи:
* Потполна одговорност за емисијата во воздухопловството како глобален индустриски сектор, не по држави.
* Глобална координација на економските мерки за да се обезбеди дека воздухопловството нема да плаќа повеќе од еднаш за своите емисии на гасови
* Потполн пристап кон глобалниот пазар на јаглен
Воздухопловната индустрија веќе работи кон своите цели за климатските промени преку своите четири основни стратеги. Стратегиите се фокусираат на инвестирање во новите технологии, попаметно летање, изградба на ефикасна инфраструктура и искористување на позитивните економски мерки. |