Изберете аеродром
 
  SKP :  22.02.2017,07:09
Преглед на летови
Авио превозници
Права на патници
"primeclass" ВИП&ЦИП Услуги
Карго Центар
 

 

ВЕСТИ
 

ТАВ ПРЕГОВАРА СО ЕУРОВИНГС ЗА ЛЕТОВИ ДО МИНХЕН И ДИЗЕЛДОРФ
6 февруари 2017 година

ТАВ Македонија  преговара со германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс, која е дел од групацијата Луфтханза, за воведување  авиолинии Скопје-Минхен и Скопје-Дизелдорф, информираат од аеродромскиот оператор.

По првичните отпочнати преговори, деновиве претставник на Еуровингс дојде во Скопје и се сретна со менаџментот на ТАВ Македонија и претставниците на маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми од Истанбул, како и надлежните владини институции и туристичките агенции од земјава.

Еуровингс со седиште во Дизелдорф е дел од групацијата Луфтханза и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 140 дестинации во над 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации за одморање. Лета во повеќе земји од регионот, како Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција.

-Преговорите со Еуровингс се дел од нашите маркетинг активности кои постојано ги спроведуваме, со цел проширување на мрежата на линии од двата македонски аеродроми. Моментално со германскиот авиопревозник разговараме за линии до главниот аеродром во Минхен и до Дизелдорф. Доколку преговорите завршат успешно, македонските граѓани не само што ќе добијат дополнителни воздушни врски до овие градови во Германија, туку и нови конекции во рамки на Европа, како и интерконтинентални конекции за летање благодарение на код-шер договорот меѓу компанијата мајка-Луфтханза и компанијата ќерка- Еуровингс, вели Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија

Како што објаснува тој, ТАВ Аеродроми постојано презема слични активности, одржува состаноци и преговара со авикомпании и тур-оператори. Така есента минатата година маркетинг-одделот на холдингот организира посета на полски и француски тур-оператори на Македонија и на Охрид, што резултира со конкретен договор и од оваа летна сезона најголемиот полски тур-оператор ќе почне со летови од Варшава и од Катовице до Охрид.

Во 2016 година ТАВ во Македонија го донесе најголемиот европски тур-оператор, Томас Кук, што отпочна летови на рутата Брисел-Охрид, а во исто време, стартуваа и чартерите Охрид-Белград на Ер Србија и Охрид-Тел Авив на Аркиа. Од скопскиот аеродром минатата година беа отворени 4 нови линии до Берлин, Копенхаген,  Братислава и Хановер со Виз ер.

Изминатата 2016 година беше успешна за ТАВ Македонија. Продолжи високиот, двоцифрен раст на бројот на патници и достигна вкупно 1.794.376 патници на двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со годишен пораст од 15 отсто. Во исто време, бројот на летови се зголеми за 8.9 проценти, односно во 2016 година беа реализирани вкупно 16.883 летови.

 
 
  SKP :  22.02.2017,07:09
Временски услови
2°C Current
Притисок:32915.71 mb
Ветер:0.00 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
2 °C 1/12 °C 2/13 °C
Вести
ТАВ преговара со Еуровингс за летови до Минхен и Дизелдорф...
6/2/2017
На македонските аеродроми менаџирани од ТАВ во 2016 минале 1.8 милиони патници...
11/1/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter