Изберете аеродром
 
  SKP :  19.11.2017,04:07
Преглед на летови
Авио превозници
Права на патници
"primeclass" ВИП&ЦИП Услуги
Карго Центар
 

 

ВЕСТИ
 

ТАВ НАЈАВУВА: ЕУРОВИНГС ЌЕ ПОЧНЕ ДА ЛЕТА ОД СКОПЈЕ ДО МИНХЕН ОД ОКТОМВРИ
17 март 2017 година

Продажбата на авиобилети веќе почна и е отворена на веб-страницата на авиокомпанијата

ТАВ Македонија најавува дека германската нискобуџетна авиокомпанија  Eurowings, дел од  групацијата Lufthansa, ќе почне да лета на релација Скопје-Минхен од 31. Октомври 2017, поврзувајќи ги патниците од аеродромот ,,Александар Велики’’ во Скопје до аеродромот ,,Франц Јозеф Штраус’’ во Минхен – главниот аеродром во овој германски град.  

Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија два пати неделно во вторник и петок со воздухоплов од типот Airbus A320-200, со капацитет од 174 седишта.

Како што информираат од Eurowings, продажбата на билети за дестинацијата Скопје – Минхен почна на 15-ти март и е отворена на интернет, на веб-страницата на авиокомпанијата: www.eurowings.com.

-На наше големо задоволство денеска објавуваме отворање на уште една нова рута  од  аеродромот ,,Александар Велики’’ во Скопје, а истовремено и влез на уште една нискобуџетна авиокомпанија на македонскиот пазар. Eurowings ќе почне со летови на линијата Скопје – Минхен од 31. октомври оваа година обезбедувајќи им на патниците директна врска со главниот аеродром во Минхен. Македонските граѓани и сите наши патници од регионот ќе добијат дополнителна врска со овој германски град, како и нови можности за европски и интерконтинентални конекции, благодарение на кодшер договорот меѓу Луфтханза и компанијата-ќерка Eurowings. Оваа линија е директен доказ за успешното завршување на преговорите кои ги имавме со авиокомпанијата во изминатиот период и се надеваме дека ова е само почеток на нашата успешна соработка како и на инвестициите на Eurowings во Македонија, изјави Алп Ер Тунга Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Минатиот месец аеродромскиот оператор по состанокот со претставниците на Еуровингс, најави можност за воведување на нови авиолинии од Скопје до Германија, објаснувајќи дека е во процес на преговори со авиокомпанијата, и нагласувајќи дека ТАВ Македонија константно презема слични маркетиншки активности и има состаноци и преговори со авиокомпании и тур-оператори. Директен резултат на ваквите и слични активности, се новите летови кои ќе почнат оваа летна сезона од Охрид до полските градови Варшава и Катовице, како и влезот на најголемиот европски тур-оператор Томас Кук на македонскиот пазар, што се случи минатата 2016 година, благодарение на ТАВ, кога почнаа летовите на релација Брисел-Охрид. 

-Со задоволство ја најавуваме нашата прва дестинација во Македонија – Скопје, и новата линија до Минхен. Оваа нова линија од Скопје до Минхен ќе оперира два пати неделно, секој вторник и секој петок, почнувајќи од 31. oктомври годинава. Скопје ќе стане една од нашите 150 дестинации, и очекуваме да инвестираме повеќе во Македонија и во регионот во иднина, изјави Иван Ореч, Директор за развој на мрежата на линии на Еуровингс.

Еуровингс со седиште во Келн е дел од групацијата Луфтханза и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 150 дестинации во над 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации за одморање. Нивните авиони сообраќаат и во повеќе земји од регионот, како Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција. 

ТАВ Македонија ги заврши првите два месеци од 2017 годија со зголемување на бројот на патници од 9%, достигнувајќи 238.180 патници на двата македонски аеродрома – ,,Александар Велики’’ во Скопје и ,,Свети Апостол Павле’’ во Охрид. Минатата 2016 година ја заврши со 1,8 милион патници на двата аеродрома, при што порастот на годишно ниво е 15%, додека истовремено бројот на летови беше 16.883, со зголемување од 8,9%.     

 

 
 
  SKP :  19.11.2017,04:07
Временски услови
8°C Current
Притисок:33118.89 mb
Ветер:6.44 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
8 °C 7/21 °C 7/22 °C
Вести
ТАВ: 1,6 милиони патници патувале преку македонските аеродроми во првите 9 месеци ...
9/10/2017
ТАВ: Естонската Нордика ќе почне со летови Охрид-Талин од 2018 година...
26/9/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter