Изберете аеродром
 
  SKP :  29.04.2017,05:25
Преглед на летови
Авио превозници
Права на патници
"primeclass" ВИП&ЦИП Услуги
Карго Центар
 

 

ВЕСТИ
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ
21 април 2017 година

Известување за патниците

Скопскиот аеродром воведе шалтери за оставање багаж при веб-пријавување

Со цел да се олеснат процедурите при патувањата, ТАВ Македонија на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ воведе два шалтери за оставање на багаж, за патниците кои регистрирањето на летот го прават преку веб-страницата на аеродромот ,,Александар Велики’’ или на киосците за само-регистрирање кои се лоцирани во делот за Check-in во терминалната зграда. 

Ова во пракса значи дека отсега сите патници кои направиле web check-in, односно се регистрирале на летот преку нашата веб-страница http://skp.airports.com.mk, ќе можат да го остават својот багаж на т.н. baggage drop point шалтери за регистрирање, обележани како шалтер број 1 и шалтер број 2 на аеродромот ,,Александар Велики’’, со цел да се намали времето за регистрација на патниците на аеродромот. 

Оваа новина важи за летовите на редовните авиопревозници, односно за авиокомпаниите за кои може да се направи web check-in на веб-страницата на нашиот аеродром, а тоа се: Turkish Airlines, Adria Airways, Croatia Airlines, Austrian Airlines и Air Serbia.

Ви посакуваме пријатни патувањa,
ТАВ Македонија 
 

 
 
  SKP :  29.04.2017,05:25
Временски услови
13°C Current
Притисок:32746.39 mb
Ветер:6.44 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
13 °C 13/23 °C 10/17 °C
Вести
Известување за патниците...
21/4/2017
НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ го пречека новиот лет на Виз ер од Будимпешта ...
5/4/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter