Изберете аеродром
 
  SKP :  12.12.2018,02:42
Преглед на летови
Авио превозници
Права на патници
"primeclass" ВИП&ЦИП Услуги
Карго Центар
 

 

ВЕСТИ
 

ТАВ: ТУИ ЌЕ ПОЧНЕ СО ЛЕТОВИ АЈНДХОВЕН-ОХРИД ВО 2018 ГОДИНА
26 декември 2017 година

Холандскиот тур-оператор ТУИ Холандија, ќе воведе нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона во 2018 гoдина, објавува ТАВ Македонија. ТУИ ќе ги реализира летовите со нивната авиокомпанија – ТУИ флај.

ТУИ веќе оперира на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а сега ќе воведе втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Авионите на холандскиот тур-оператор ќе летаат на новата линија, секој понеделник и петок, поврзувајќи ги аеродромите во Ајндховен и во Охрид. Ајндховен е лоциран во јужниот дел од Холандија и е блиску до белгиската граница.

-Среќни сме што ТУИ ги проширува своите операции, носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи повеќе туристи на прекрасната охридска ривиера. Се надеваме дека турите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од други европски земји, кои што ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат редовни посетители, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што објавија официјалните претставници на ТУИ, сезонските летови од Ајндховен треба да донесат од 3.000 до 3.500 патници на охридскиот аеродром, додека севкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, ТУИ очекува да донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро следната година. 

-Веќе сообраќаме на линијата Амстердам–Охрид, а сега ќе почнеме со летови од Ајндховен до Охрид, два пати неделно, односно секој понеделник и петок, почнувајќи од 11 мај до 21 септември. Главната причина за воведување на оваа сезонска линија е поради тоа што сакаме да привлечеме туристи и од Белгија. Сигурни сме дека можеме да го прошириме пазарот, изјави Жак Кријнон,  Продукт-менаџер во ТУИ Бенелукс. 

Како што изјавија претставниците на ТУИ, на оваа линија ќе сообраќаат воздухоплови од типот Боинг 737-800. Моменталниот распоред на летање предвидува заминувањето од Ајндховен да биде во 11:00 часот, додека пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 13:35 часот. Од Охрид кон Ајндховен воздухопловите ќе заминуваат во 14:25 часот, а ќе пристигнуваат во Ајндховен преку Тиват во 18:50 часот. 

ТАВ Македонија ги заврши првите 11 месеци од 2017 година со 13% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1,9  милиони патници (1.876.304) на двата македонски аеродрома –Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Во исто време, бројот на летови е зголемен за 7%, достигнувајќи вкупно 16.756 летови.

 
 
  SKP :  12.12.2018,02:42
Временски услови
25°C Current
Притисок:32712.53 mb
Ветер:17.70 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
25 °C 15/27 °C 14/26 °C
Вести
ТАВ Македонија го пречека првиот лет Атина – Скопје на Aegean Airlines...
1/11/2018
1,8 милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром во првите 9 месеци од 2018 година...
9/10/2018
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter