Изберете аеродром
 
  SKP :  19.07.2018,00:27
Преглед на летови
Авио превозници
Права на патници
"primeclass" ВИП&ЦИП Услуги
Карго Центар
 

 

ВЕСТИ
 

НАД 1 МИЛИОН ПАТНИЦИ ПАТУВАЛЕ ПРЕКУ АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД ВО ПРВИТЕ 6 МЕСЕЦИ ОД 2018 ГОДИНА
10 јули 2018 година

Еден милион, 41 илјадa и 583 патници (1.041.583) патуваа преку Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, во првите шест месеци од 2018 година, што претставува годишен пораст од 21%, во споредба со првата половина од 2017 година.

Во истиот период, јануари-јуни 2018 година, бројот на летови на двата македонски аеродроми достигна 9.033, со годишен пораст од 16%.

-Додека европските аеродроми имаат просечен пораст на бројот на патници од 6,1% во 2018 година, ТАВ продолжува да бележи високи двоцифрени стапки на пораст на патничкиот сообраќај на македонските аеродроми. Овој позитивен тренд во порастот на воздушниот сообраќај, го потврдува големиот потенцијал што го има македонскиот воздухопловен пазар. Ќе продолжиме да правиме максимални напори за развој на аеродромите во Скопје и во Охрид, со привлекување на нови авиокомпании и проширување на мрежата на дестинации, во соработка со сите надлежни државни институции, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Растот на патничкиот сообраќај со 21%, којшто ТАВ Македонија го забележа од јануари до јуни годинава, го надминува и просечниот раст на аеродромите во земјите кои не се членки на ЕУ, кој изнесува 12,5% во првиот квартал од 2018 година. *

Најфрекфентните дестинации според патничкиот сообраќај во првите шест месеци на Меѓународниот Аеродром Скопје се: Истанбул (двата аеродроми Ататурк и Сабиха Гокчен; 11% пазарен удел), Цирих (8,5%), Базел (5,8%), Виена (5,1%), Малме (4,6%) и Братислава (3,5%).

Во однос на учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Виз ер превезува најголем број патници со 63,3% пазарен удел, а потоа следуваат Туркиш ерлајнс (8,1%), Аустриан ерлајнс (5,1%), Германија флуг (4,6%), Еделвајс (3,8%), Кроација ерлајнс (3,1%), Пегасус ерлајнс (3%).

Од ТАВ Македонија очекуваат дека порастот на воздушниот сообраќај ќе продолжи со слично темпо и до крајот на годинава, имајќи ги предвид 5-те нови дестинации кои беа отворени на аеродромите во Скопје и во Охрид на почетокот од летната летна сезона во 2018 година.

На 1-ви јуни, ЛОТ Полиш ерлајнс влезе на македонскиот пазар, отворајќи ги летовите меѓу Скопје и Варшава, нова дестинација која се опслужува шест пати неделно.

На аеродромот во Охрид беа отворени 4 нови сезонски дестинации - Истанбул, Ајндховен, Талин и Варшава. ТАВ Македонија најавува нова редовна авиолинија од Охрид до Виена, која ќе биде воведена во ноември 2018 година.

Меѓународниот Аеродром Скопје, моментално е поврзан со 38 дестинации, кои се опслужуваат од 13 авиокомпании. Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле има 3 редовни авиолинии кои функционираат во текот на целата година и 8 сезонски дестинации, опслужувани од 11 авиокомпании.

 

 
 
  SKP :  19.07.2018,00:27
Временски услови
22°C Current
Притисок:32712.53 mb
Ветер:11.27 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
22 °C 20/25 °C 17/28 °C
Вести
Над 1 милион патници патувале преку аеродромите во Скопје и Охрид во првите 6 месеци од 2018 година...
10/7/2018
ТАВ го пречека првиот лет од Варшава на аеродрoмот во Охрид ...
4/6/2018
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter