Изберете аеродром
 
  SKP :  19.10.2018,23:54
Преглед на летови
Авио превозници
Права на патници
"primeclass" ВИП&ЦИП Услуги
Карго Центар
 

 

ВЕСТИ
 

1,8 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ВО ПРВИТЕ 9 МЕСЕЦИ ОД 2018 ГОДИНА
12 октомври 2018 година

1,8 милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром во првите 9 месеци од 2018 година

1,8 милиони патници патувале преку Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Свети Апостол Павле во првите 9 месеци од 2018 година, што е годишен пораст од 18%, соопшти ТАВ Македонија, компанијата која управува со македонските аеродроми. 

Во исто време, од јануари до септември 2018 година, бројот на летови на двата аеродроми е 15.395, со годишен пораст од 12%

-Завршивме уште една фрекфентна летна сезона на двата аеродроми, во Скопје и во Охрид и сега сме подготвени за зимската сезона која ќе почне на крајот од октомври со новиот зимски распоред на летови. Сумирајќи ги изминатите месеци важно е да се истакне дека по успешно завршените дискусии и преговори, на 1. јуни 2018 година, ЛОТ Полиш ерлајнс влезе на македонскиот пазар, отворајќи ја новата линија Варшава-Скопје, со фрекфенција од 6 лета неделно меѓу двата главни градови. На охридскиот аеродром отворивме 4 нови сезонски летови – Истанбул, Ајндховен, Талин и Варшава, додека од ноември 2018 Виена како уште една нова дестинација и регуларна авиолинија ќе биде отворена од Охрид. Очекуваме да продолжиме со истото темпо на двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај до крајот на 2018 година, којшто е повисок од официјалниот просек на ЕУ од 4,8% (јули 2018) и повисок од просечниот раст од 6,8% на патнички сообраќај на аеродромите кои не се во ЕУ, според ACI Europe, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија

Заедно со развојот на мрежата на авиолинии, како и секогаш, ТАВ Македонија е фокусирана на подобрување на квалитетот на услугите. Согласно оваа политика, на почетокот на јуни 2018 година во терминалната зграда на скопскиот аеродром беше отворен нов локал за храна и пијалаци – NeedStop, додека постоечките продавници беа преместени во просторот близу до шалтерите за пријавување,  веднаш до локалите за храна и пијалаци, со цел да се создаде поширок простор за чекирање на патниците, за тие да се чувствуваат попријатно додека се пријавуваат на летот. 

-Во август 2018, отворивме уште една новина на скопскиот аеродром – Детско катче, кое се наоѓа веднаш по пасошката контрола, до излезите, притоа додавајќи забавна содржина за најмладите патници. Дополнително, ќе воведеме нов вид на киосци за самопријавување, со цел патниците да не треба да чекаат  ред за пријавување, туку самите да го сторат тоа. Патниците ќе можат да земат налепница за багажот од машината и потоа да ја завршат процедурата со оставање на нивната торба на специјален шалтер во делот за чекирање, најавува Ерсој.    

Според статистиката за патничкиот сообраќај, од јануари до септември 2018 година, најфрекфентни дестинации на Меѓународниот Аеродром Скопје се: Истанбул (двата аеродроми Ататурк и Сабиха Гокчен, со 10,8% пазарен удел), Цирих (7,8%), Виена (5,7%), Базел (5,3%), Малме (4,5%) и Братислава (3,4%). 

Во однос на пазарниот удел на авиокомпаниите во вкупниот патнички сообраќај, Виз ер го превезе најголемиот број на патници со 60,3% удел на пазарот, а потоа следуваат Туркиш ерлајнс (7,8%), Аустриан ерлјанс (5,7%), Германиа флуг (4,5%), Пегасус ерлајнс (3,7%), Кроација ерлајнс (3,4%). 

Најфрекфентниот ден на Меѓународниот Аеродром Скопје во првите 9 месеци од 2018 година во поглед на патнички сообраќај беше 29-ти јули со превезени 8.796 патници, додека од аспект на број на воздухопловни операции најфрекфентен беше 2-ри август со 76 летови.

Покрај постојаниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај, ТАВ Македонија бележи и значаен годишен пораст на карго-сообраќајот на скопскиот аеродром во првите 9 месеци од 2018 година, кој изнесува 2.676 тони и е поголем за 22% споредено со истиот период во 2017 година. 

Меѓународниот Аеродром Скопје е поврзан со 37 редовни авиолинии во текот на целата година, опслужени од 12 авиокомпании, и 4 чартер дестинации (летна сезона), опслужени од 6 авиокомпании.

Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле има 3 редовни авиолинии во текот на целата година и 8 сезонски дестинации, опслужувани од 12 авиокомпании.

 
 
  SKP :  19.10.2018,23:54
Временски услови
25°C Current
Притисок:32712.53 mb
Ветер:17.70 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
25 °C 15/27 °C 14/26 °C
Вести
1,8 милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром во првите 9 месеци од 2018 година...
12/10/2018
Над 1 милион патници патувале преку аеродромите во Скопје и Охрид во првите 6 месеци од 2018 година...
10/7/2018
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter