Изберете аеродром
 
  SKP :  17.10.2019,02:32
Преглед на летови
Авио превозници
Права на патници
"primeclass" ВИП&ЦИП Услуги
Карго Центар
 

 

ВЕСТИ
 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИТЕ
7 август 2019 година

Почитувани патници,

Би сакале да ве информираме дека бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети.

Ве замолуваме како меродавно да го сметате времето на влез отпечатено на билетот за паркирање, и согласно тоа, да го планирате вашиот престој во било која од зоните за паркирање на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Следејќи ги светските трендови во авијацијата и аеродромското управување, Hug&Fly зоната ја воведовме пред две години, со цел да го намалиме метежот кој се создава од многуте возила паркирани пред терминалната зграда, и воедно да го олесниме движењето на нашите патници непосредно пред нивнитe летови.

За повеќе информации во врска со паркингот на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме посетете ја нашата веб-страница, на следниот линк: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=375

Ви посакуваме пријатни патувања,
ТАВ Македонија

 
 
  SKP :  17.10.2019,02:32
Вести
Важна информација за патниците...
7/8/2019
1,2 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид во првата половина од 2019 година...
9/7/2019
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter