Изберете аеродром
 
  SKP :  22.06.2017,20:33
 
 

ПРАВА НА ПАТНИКОТ

Авиокомпаниите имаат правна обврска да Ве информираат за ВАШИТЕ ПРАВА како патник и каде да поднесете жалба

Недозволен бординг/влез во авион
Дозволена ви е компензација помеѓу 125 евра и 600 евра во зависност од должината на летот и од доцнењето кое настанува кога е пренасочен летот.

Долготрајно доцнење
Може да побарате поврат на парите за авиобилетот доколку доцнењето е подолго од 5 часа, но само доколку одлучите да не патувате.

Откажување
Имате право на паричен надомест доколу не сте биле информирани 14 дена пред летот, или сте биле пренасочени приближно до првично закажаното време на полетување, или ако авиопревозникот може да докаже дека откажувањето било предизвикано од вонредни околности.

Помош од авиокомпанијата
Во зависност од околностите, во случај да не сакате да патувате или вашиот лет е откажан или доцни, имате право на помош (кетеринг, комуникации како и преноќување доколку е потребно).
Доколку не сакате да патувате или при откажување на летот, може да ви биде понудена опција да го продолжите патувањето или да добиете паричен надомест.
За повеќе информации како и за списокот на националните органи овластени за овие права се достапни на http://ec.europa.eu/transport/passengers/air/air_en.htm

Ограничена подвижност
Лица со ограничена подвижност се заштитени од дискриминација и од 26 јули 2008 година, може да добијат соодветна помош (под одредени услови) со цел да им се помогне низ сите аеродроми на ЕУ.

Идентитет на авиокомпанијата
Мора да бидете инфромирани однапред со кој авиопревозник е вашиот лет. Авиопревозниците за кои се смета дека се небезбедни се забранети или ограничени во ЕУ. Списокот на овие превозници е достапен на: http://ec.europa.eu/transport/air-ban/

Одговорност
Авиопревозниците може да се сметаат за одговорни за штетите кои може да настанат од доцнењето (ограниченидо ± 4.800 евра), за оштетување и губење на багажот (ограничено до ± 1.200 евра) како и за повреди или смрт при несреќа. Меѓутоа, авиопревозниците нема да бидат одговорни доколку ги преземат сите соодветни мерки со што би ги одбегнале штетите или доколку се оневозможени да ги преземат таквите мерки.

Пакети за празници/одмори
Туристичките оператори мора да имаат точни информации за резервациите за одмор, кои се во согласност со договорените обврски како и да ги заштитат патниците во случај на несолвентност на организаторот.

 
 
 
  SKP :  22.06.2017,20:33
Временски услови
28°C Current
Притисок:32881.85 mb
Ветер:22.53 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
28 °C 15/32 °C 18/33 °C
Вести
ТАВ донесе 5 блогери да ја промовираат Македонија кај турските туристи...
30/5/2017
Известување за патниците...
21/4/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter