Изберете аеродром
 
  SKP :  20.01.2017,04:43
 
 

ОБРАЌАЊЕ НА CEO

Оформен пред 10 години како заеднички потфат помегу групациите Тепе и Акфен, холдингот ТАВ денес се наоѓа на одлучувачка пресвртница. Во текот на овој 10-годишен период, кој всушност е релативно краток споредено со животниот век на двете засебни институции, ТАВ напредува со голема брзина, трансформирајки се во главен регионален бренд и целејќи повисоко со секој изминат ден.

Како холдинг ТАВ Аеродроми, денеска ние сме помеѓу најголемите оперативни компании, не само во Турција, туку и во светот, благодарение на искуството и техничкото знаење со кои се здобивме од нашиот почеток, како и квалитетните човечки ресурси. Од друга страна пак, привлекувајки и прифаќајќи инвеститори од четири различни географски региони, ние ја зацврстивме нашата структура на капитал, како што станувавме посилни од стратешка гледна точка во меѓународниот пазар заедно со фондовите на нашите партнери. Ја споделивме нашата приказна на пораст која почна во 1997 година со меѓународниот терминал на аеродромот Ататурк во Истанбул, која потоа процвета со многу брз чекор во нашата заедница и на тој начин, ТАВ и беше успешно презентиран јавноста.

Ние, како ТАВ Аеродромски Холдинг, го знаеме секој засебен составен дел на аеродромот и соодветните операции и процеси на изградба. Таквата вредност ја создадовме овде во Турција, и сега ја извезуваме. Аеродромските операции претставуваат услуга која трае 24 часа на ден, 7 дена во неделата, и затоа човечките ресурси се суштински бидејќи ние имаме персонал од илјадници лица кои ги извршуваат тие услуги. Креираме позитивни вредности за турската економија со изградба на аеродроми и со оперативните проекти кои ги преземаме. Имаме намера да обезбедуваме услуги со универзален квалитет и стандарди во Турција, и да креираме достојна и квалитетна средина за сите наши клиенти.

Ќе продолжиме со креирање на вредности за сите наши клиенти и нашата земја во сите сегменти во кои обезбедуваме услуги, за да ја одржиме нашата водечката улога и да ја зацврстиме нашата моќ. Срдечна благодарност до сите кои не поддржуваат во нашите потфати.


Со почит,
др. М. Сани Шенер
Член и Претседател на Одборот на директори и
Извршен директор на холдингот ТАВ Аеродроми

 
 
 
  SKP :  20.01.2017,04:43
Временски услови
0°C Current
Притисок:33355.94 mb
Ветер:0.00 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
0 °C -4/0 °C -6/0 °C
Вести
На македонските аеродроми менаџирани од ТАВ во 2016 минале 1.8 милиони патници...
11/1/2017
ТАВ го назначи Крстевски за член на Бордот, Ерсој е новиот генерален директор ...
4/1/2017
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter