Изберете аеродром
 
  SKP :  26.05.2019,07:20
 
 

WI-FI БЕЗЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ

Почнувајќи од 15. октомври „ТАВ Македонија“ во соработка со ,,Македонски Телеком’’ воведе бесплатен интернет на Меѓународен Аеродром Скопје

Бесплатниот безжичен интернет е достапен во терминалната зграда и во вип-салонот на скопскиот аеродром, а  патниците можат да го користат со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: ,,Telekom HotSpot’’.

По поврзувањето на оваа мрежа, патниците преку интернет-пребарувачот на својот мобилен уред автоматски се поврзуваат со веб-страница на која преку кликање на иконата ,,Поврзи се’’ можат да го користат бесплатниот интернет, без потреба од впишување на лозинка.

Ваквото поврзување трае 30 минути, а после секоја сесија на интернет потребно е ново најавување на корисникот на безжичната мрежа.

Брзиот Интернет на Меѓународен Аеродром Скопје обезбеден од Македонски Телеком е придружен со корисничка заштита, што значи дека секоја несоодветна содржина како вируси и спам, ќе биде филтрирана.

 

 
 
 
  SKP :  26.05.2019,07:20
Вести
ACI го рангира охридскиот аеродром меѓу најдобрите 3 со највисок пораст во Европа ...
14/5/2019
ТАВ Македонија го пречека првиот лет Атина – Скопје на Aegean Airlines...
1/11/2018
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter