Изберете аеродром
 
  SKP :  19.07.2018,00:20
 
 

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Цел
ТАВ Македонија, како компанија што управува со Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродрoмот Свeти Апостол Павле во Охрид, има одговорност и води сметка сите нејзини деловни активности да се извршуваат и да се во согласност со пропишаните правила за грижа и заштита на животната средина.

Усогласеност 
ТАВ Македонија е посветена  кон усогласувањето со прифатените  еколошки практики, вклучувајќи ги сите применливи локални, државни и меѓународни закони и регулативи и други барања релевантни за еколошките аспекти на сите работни активности и услуги. ТАВ Македонија ги подготвува и ги спроведува сите програми и постапки неопходни за усогласување со ISO 14001:2015.

Спречување и намлување на загадувањето  

ТАВ Македонија е посветена на проблематиката со загадувањето и презема активности за спречување на истото пред тоа да се случи, како  и активности за минимизирање на влијанието врз животната средина со сите прифатени еколошки практики. Затоа, ТАВ управува со  своите процеси, средства  и човечки ресурси со цел да ги намали влијанијата врз животната средина што произлегуваат од работните активности.

Свесност

Процедурите и правилата кои произлегуваат од Системот за управување со животната средина (ЕМЅ) на ТАВ Македонија се споделени со сите субјекти кои извршуваат работни обврски и вршат дејност на македонските аеродроми, вклучувајќи ги: вработените, изведувачите и добавувачите, заради обезбедување свесност за посветеноста кон животната средина. ТАВ Македонија, исто така, обезбедува соодветна обука за сите вработени со цел подигање на свеста за одговорноста кон животната средина.

Континуирано подобрување

Со утврдување  на целите и таргетите за животната средина како и преку периодични ревизии, контрола врз работењето и преку постигнување на еколошки цели ТАВ Македонија се стреми кон континуирано подобрување на системот за управување со животната средина и кон минимизирање на создавањето отпад и загадување што се тесно поврзани со работењето на аеродромите и услугите за опслужување.


Цели и таргети за одржување на животната средина

  • Редуцирана употреба на опасни и токсични хемикалии при извршување на работните активности на аеродромите
  • Редуцирана  потрошувачка на енергетски ресурси
  • Намалување, повторна употреба и рециклирање на отпад
  • Превенција од загадување
  • Добавувачите, вклучувајки ги и изведувачите се запознаени со  нашите очекувања во врска со животната средина и од нив се бара да  усвојат практики за управување со животната средина
  • Континуирано следење на квалитетот/квантитетот на емисии, ослободување издувни гасови и создавање отпад
  • Постојано разгледување на значајните аспекти во однос на животната средина и нивното влијание
  • TАВ Македонија, како општествено одговорна компанија, секогаш ги зема предвид факторите на животната средина при планирање, набавување или донесување одлуки во однос на работењето.
 
 
 
  SKP :  19.07.2018,00:20
Временски услови
22°C Current
Притисок:32712.53 mb
Ветер:11.27 kph
Временска прогноза
Тековна Денес Утре
Current Today Tommorow
22 °C 19/29 °C 19/25 °C
Вести
Над 1 милион патници патувале преку аеродромите во Скопје и Охрид во првите 6 месеци од 2018 година...
10/7/2018
ТАВ го пречека првиот лет од Варшава на аеродрoмот во Охрид ...
4/6/2018
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter