Изберете аеродром
 
  SKP :  22.08.2019,13:38
 
 

ВИДОВИ НА PRM ПОМОШ

Авиопревозниците имаат дефинирани кодови за да се специфицираат состојбите и посебните потреби на патниците што ги превезуваат. Овие кодови, кои се стандардизирани, се од суштинско значење за секој оператор (авиопревозници, аеродроми) во синџирот на транспортот за да се организираат потребните услуги. Тие се објаснети подолу, само за информативни цели. Изборот на соодветниот код останува единствена одговорност на авиопревозникот.

WCHR - Патник кој може да оди нагоре и надолу по скалите и да се движи во кабината на воздухопловот , но за кој е потребна инвалидска количка или други средства за движење помеѓу воздухопловот и терминалот и во терминалот помеѓу точките за пристигнување и заминување во неконтролираната страна на терминалот.
WCHS - Патник кој не може да оди нагоре или надолу по скалите, но кој може да се движи во кабината на воздухопловот и за кој е потребна инвалидска количка за да се движи помеѓу воздухопловот и терминалот и во терминалот помеѓу точките за пристигнување и заминување во неконтролираната страна на терминалот.
 • WCHC - Оваа категорија опфаќа широк спектар на патници. Тука спаѓаат оние кои се целосно неподвижни, кои можат да се движат само со помош на инвалидска количка или на кое било друго помагало и кои имаат потреба од помош во секое време од пристигнувањето на аеродромот до седнување во воздухопловот или, доколку е потребно, на посебно седиште наменето за нивните специфични потреби а овој процес се одвива по обратен редослед при пристигнувањето. Оваа категорија исто така ги вклучува и патниците со попреченост само на долните екстремитети кои бараат помош при влегување и излегување од воздухопловот и при движење во кабината на воздухопловот, но кои инаку можат самостојно да се движат во својата инвалидска количка на аеродромот. Одредувајќи го нивото на автономија при резервирањето на билет, ќе се избегне давање на  несоодветна помош.
• DEAF – Патник кој е глув или со оштетен слух или глувонем патник.
• BLIND – Патник кој е слеп или со оштетен вид.
• DEAF/BLIND - Патник кој е слеп и глув и кој може да се движи само со помош на придружно лице.
• DPNA – Патници со интелектуална или развојна попреченост на кои им е потребна помош. Тоа се патници со попреченост како деменција, тешкотии при учење, Алцхајмерова болест, Даунов синдром, кои патуваат сами и на кои им е потребна помош од аеродромскиот персонал..

 
 
 
  SKP :  22.08.2019,13:38
Вести
Важна информација за патниците...
7/8/2019
1,2 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид во првата половина од 2019 година...
9/7/2019
архива
Летови l Патници l Содржини и услуги l До аеродромот l Карго l За нас
  • facebook
  • twitter