„ТАВ“ со 717 милиони евра ја доби концесијата за аеродромот „Милас“ во Бодрум

„ТАВ“ со 717 милиони евра ја доби концесијата за аеродромот „Милас“ во Бодрум

Турската компанија „ТАВ“, под чија закрила се и македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ја поднесе највисоката понуда од 717 милиони евра на тендерот за концесија на аеродромот „Милас“ во Бодрум, коj изминативе 20 години е меѓу најзначајните туристички дестинации во земјата - „ТАВ“ ќе раководи со овој аеродром до крајот на 2035 година

 

Со поднесен највисок износ од 717 милиони евра „ТАВ“, турската компанија под чија закрила се и македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ја доби концесијата за раководење со аеродромот „Милас“ во Бодрум. Овој глобален бренд на аеродромски оператори беше во конкуренција со три други реномирани претпријатија во оваа област, вклучително и Фрапорт. Конечната понуда беше поднесена во 105-тата рунда. „ТАВ аеродроми“ ќе ги преземе оперативните права на меѓународниот терминал од 22 октомври 2015 година во согласност со тендерските спецификации. Оперативните права на домашниот терминал ќе бидат пренесени на „ТАВ“ со дополнителна одлука од надлежната комисија.

 Сани Шенер, претседател и извршен директор на „ТАВ“, изјави:

- „Милас“ поврзува значаен туристички центар со остатокот од светот и има проток на патници повисок од 3.5 милиони годишно. Овој аеродром е 14-тиот во нашето портфолио. Бодрум е кандидат да стане четвртиот најголем град во Турција до 2025 година. Ние веруваме во иднината на Бодрум. Немавме намера да се откажеме. Однапред треба да се плати 20 отсто од сумата, меѓутоа, ние веќе ги имаме финансиите на располагање. Овој проект ќе го преземеме со 30 проценти акциски удел и 70 отсто финансирање. Инвестираме сè што заработуваме во оваа индустрија бидејќи таа е нашиот единствен бизнис. Дел од нашиот бренд е и академијата „ТАВ“ која што ги обезбедува обуките со кои ги создаваме човечките ресурси потребни за раководење со аеродромите во нашата земја и во регионот. Нема да имаме проблеми во поглед на финасиите или на човечкиот потенцијал за време на проектот. Ќе учествуваме во сите аеродромски проекти што се вклопуваат во нашиот бизнис-модел - изјави Шенер, првиот човек на „ТАВ аеродроми“.

 Еден од најфреквентните аеродроми во егејскиот регион на Турција, бодрумски „Милас“ почна да работи со меѓународен сообраќај во 1997 година. Сместен во границите на областа Мугла, аеродромот е лоциран меѓу Милас и Бодрум, два важни града во античкиот каријски регион. Уште повеќе, тој игра навистина значајна улога во превозот до туристички центри како Дидим, Кушадаси, Соке, како и Мугла. Аеродромот е на само 32 километри од Бодрум, 12 од Милас и 82 километри од Дидим.

 За „ТАВ аеродроми“

„ТАВ Аеродроми“, еден од водечките оператори на аеродроми во светот, раководи со аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и во Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Мадина во Саудиска Арабија и аеродромот во Загреб во Хрватска. „ТАВ“, исто така, оперира и во други области на аеродромски услуги вклучувајќи и бесцарински продавници, храна и пијалоци, обезбедување, информатички технологии и друго. Во тој контекст, „ТАВ“ оперира со комерцијалните сегменти на аеродромот во Рига во Летонија. Заедно со своите филијали, компанијата обезбеди услуги на околу 652.000 летови и 84 милиони патници во 2013 година.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 180 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
до 1ч.    – 90 ден.    
до 2ч.    – 130 ден.    
2 – 4ч.    – 250 ден.    
4 – 8ч.    – 400 ден.    
до 24ч.    – 700 ден.    
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со инвалидитет и паркингот за нив е бесплатен. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за инвалидитет на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со инвалидитет автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со инвалидитет се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.