Тестирање за КОВИД-19 на аеродромот

Тестирање за КОВИД-19 на аеродромот

Со цел да излеземе во пресрет на барањата за задолжителни негативни Ковид – 19 тестови како предуслов за патување со авион, воведени од земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, најде решение со овозможувење тестирање со брзи антиген-тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје и тие сега можат да се направат непосредно пред патувањето.
Пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, близу влезот “Departures C”, се наоѓаат монтажни објекти за тестирање поставени од овластени лаборатории, каде патниците можат да ги извршат бараните брзи КОВИД-19 тестови и да добијат резултати за 20 до 30 минути од земањето примерок.
За детални информации поврзани со тестови кои се прифаќаат во земјите од ЕУ/ Шенген зоната, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која патувате и амбасадата на земјата во која патувате.
Доколку одлучите да правите брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, апелираме да пристигнете на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на полетување.
Со оглед на тоа што земјите од ЕУ/Шенген зоната постојано ги менуваат условите за патување поврзани со Ковид – 19 и секоја земја самостојно прави промени во рестрикциите за граѓаните на Република Северна Македонија, апелираме до патниците пред да тргнат на нивното патување, задолжително да ги проверат последните барања со авиокомпанијата со која патуваат и со Амбасадата на земјата во која патуваат.