Политика за миленици

Политика за миленици

ТАВ Македонија, како компанија која управува со Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродрoмот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, е посветена на примена на сите применливи домашни закони и прописи за заштита и благосостојба на домашните миленичиња, вклучително  и Законот за заштита и благосостојба на животните (Службен весник на РМ, бр. 149/14, 149/15 и 53/16) 
Со цел да осигура позитивно искуство за сопствениците на домашни миленичиња, ТАВ Македонија ја имплементира оваа Политика за  миленици со која јасно и прецизно се регулира посетата на аеродромот и се избегнуваат можни конфликти помеѓу сопствениците на домашни миленичиња и останатите посетители/патници на аеродромот.
Домашните миленици - кучиња кои се во посета на аеродромот, треба постојано да бидат врзани на поводник и во придружба на нивните сопственици. Исклучок од ова правило се опасните кучиња, кои освен поводник треба да носат и заштитна маска согласно член 30 од Законот за заштита и благосостојба на животните според кој опасни кучиња се кучиња кои:
-    без причина нападнале човек и му нанеле телесни повреди или смрт;
-    се затекнати во организирана борба на животни;
-    од одредени раси и нивни мелези кои заради нивните расни карактеристики може да претставуваат опасност за луѓето и животните и
-    кои на тестот на социјализација се прогласени за опасни кучиња.

Сопственикот на домашното милениче при движење низ целиот аеродромски комплекс (јавни површини, паркинзи, терминална зграда) треба да постапува во согласност со законот за јавна чистота, член 19 став 1 т. 10. Службен весник на Република Македонија бр. 111/08, 64/09, 88/10, 114/10, 23/11, 53/11, 80/12, 163/13, 44/15, 147/15 и 31/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21).

Доколку домашни миленичиња патуваат, нивните сопственици треба да ги следат барањата за превоз на миленичиња на авиокомпанијата, вклучувајќи ги и здравствените и правните услови и регулативи на државата до која патуваат.