KОВИД-19: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ (АЖУРИРАНА ИНФОРМАЦИЈА СОГЛАСНО ПРОМЕНЕТАТА ОДЛУКА НА ТУРСКАТА ВЛАДА)

KОВИД-19: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ (АЖУРИРАНА ИНФОРМАЦИЈА СОГЛАСНО ПРОМЕНЕТАТА ОДЛУКА НА ТУРСКАТА ВЛАДА)

Скопје, 27-ми декември 2020

Драги патници,

Во врска со вчерашното известување дека за влез во Турција по воздушен пат задолжително ќе биде прикажување на негативен PCR тест не постар од 72 часа, сакаме да ве информираме дека Владата на Република Турција ја одложи примената на мерката за два дена и наместо да почнува од утре, 28-ми декември, ќе почне да се применува од 30-ти декември 2020 (среда) и ќе трае до 1-ви март 2021. 

Мерката важи за сите меѓународни патници кои сакаат да влезат во Турција по воздушен пат. 

Исклучок се децата до 6 години. 

Мерката се однесува и за патниците кои транзитираат низ Турција. (според променетата Одлука на турската Влада)

За повеќе информации, ве молиме контактирајте ја вашата авиокомпанија (https://www.turkishairlines.com/ и https://www.flypgs.com/) и Амбасадата на Република Турција http://skopje.emb.mfa.gov.tr/.