Известување за патници - надградба на систем за ракување со багаж

Известување за патници - надградба на систем за ракување со багаж

Почитувани патници, 

Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеца, на Меѓународниот Аер
oдром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж.

Затоа, апелираме до сите вас кои што ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, 3 часа пред планираното време на полетување на вашиот лет.