Известување за патниците
Почитувани патници,
Од денеска, 21-ви мај 2026 година, во тек се градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, кои се очекува да завршат до 30 мај, поради што можни се привремени ограничувања и побавен проток на патници при безбедносната проверка.
Затоа, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот на време, односно најмалку 2 часа пред закажаното време на полетување.
Ви благодариме за вашето трпение и разбирање.