Известување до патниците - Меѓународниот Аеродром Скопје станува тивок аеродром
Од 3-ти февруари, понеделник, Меѓународниот Аеродром Скопје ќе стане тивок аеродром.
Тоа значи дека од понеделник, 3.2.2025 година, на скопскиот аеродром нема да се објавуваат дополнителни гласовни најави за летови преку разгласот, освен пред почеток за качување во авион (бординг) кај Излезите.
Затоа, ги замолуваме и апелираме до сите патници да ги следат екраните и мониторите каде се прикажани информациите за летовите, картата за качување во авион и сите известувања што ги добиваат за нивниот лет од авиокомпанијата со која патуваат.
Веруваме дека намалената бучава дополнително ќе го подобри патничкото искуство на аеродромот.