Важно известување за патници 03.01.2025
Почитувани патници,
Би сакале да ве известиме дека Меѓународниот Аеродром Скопје работи и покрај густата магла која предизвикува ниска видливост, при што има доцнења, откажувања и пренасочувања на летовите.
Без разлика дали вашиот лет можеби доцни, е пренасочен и/или откажан, со цел да ги остварите вашите патнички права, апелираме да пристигнете на време на аеродромот, односно 2 часа пред закажаното време на полетување и да се пријавите на шалтерите за регистрација на патници и багаж.
Во врска со статусот на вашиот лет, ве молиме следете ги известувањата од авиокомпанијата со која патувате https://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-mk/passenger-guide-mk/page/airlines-contact-information-mk како и најновите ажурирања за летовите во реално време на веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/mk-MK/flights-mk
Ви благодариме за трпението и разбирањето.
ТАВ Македонија