ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИ: ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19 ВО НИКОБ ЛАБ СЕГА ДОСТАПНО И НА ДВАТА АЕРОДРОМА, ВО СКОПЈЕ И ВО ОХРИД
Скопје, 2 јули, 2021г.
Со цел да обезбеди подобри и разновидни услуги достапни за патниците на аеродромите, како и да одговори на најновите барања за патување во однос на КОВИД-19, ТАВ Македонија додава уште еден давател на услуги за тестирање за КОВИД-19 на двата македонски аеродрома.
Од 24 јуни 2021 година, Никоб Лаб го отвори пунктот за тестирање за КОВИД-19 и започна со давање услуги за патниците во заминување на Меѓународниот Аеродром Скопје, додека од денес, 2 јули 2021 година, ќе започне со работа пунктот за тестови за КОВИД-19 на Никоб Лаб на Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.
На пунктовите за тестирање за КОВИД-19 на аеродромите достапни се следниве услуги, односно следниве тестови за КОВИД-19 (https://nikoblab.mk/covid-19/):
- Брз антигенски тест – Panbio Abbott
- PCR тест
- Брз PCR тест
Молекуларно-дијагностичката лабораторија при ПЗУ Никоб Лаб користи Bio-Speedy SARS-CoV-2 (2019-nCoV) qPCR кит за детекција за RT-qPCR детекција на вирусот SARS-CoV-2, кој се наоѓа на листата на СЗО.
За повеќе и за конкретни информации, можете да се јавите во Никоб Лаб на телефонскиот број +38922741000, или да ја посетите веб страницата https://nikoblab.mk/
Работно време:
Никоб Лаб – Пункт за тестирање за КОВИД-19 – Меѓународен Аеродром Скопје – 24/7
Никоб Лаб – Пункт за тестирање за КОВИД-19 – Аеродром Св. Апостол Павле Охрид – согласно редот на летање, 4 часа пред закажаното време на полетување
Доколку се одлучите да правите тест за КОВИД-19 на аеродром, со цел да избегнете гужва пред терминалната зграда, ве молиме пристигнете на аеродром на време, најмалку 3-4 часа пред времето на заминувње на вашиот лет.
Со оглед на ситуацијата со пандемијата со КОВИД-19 и честите промени во правилата за патување, ги советуваме патниците, пред да пристигнат на аеродром, да ги проверат важечките барања за патување со авиокомпанијата со која ќе патуваат или да ја контактираат амбасадата или конзулатот на земјата во која патуваат.