Корекција на известувањето од 12ти јуни 2021 година
Важно!!!
Корекција!!!
Почитувани патници и следбеници,
Би сакале да ве информираме дека делот од информацијата (www.facebook.com/posts) која ја објавивме во саботата, на 12.6.2021, а кој се однесува на тоа дека македонските државјани можат да патуваат во Германија од туристички причини, за жал не е на сила сè уште, иако ние како аеродром добивме информација од нашите партнери дека македонските државјани ќе можат да патуваат без приложување на есенцијална причина за патување, а истата информација стоеше и во нашите авијациски системи каде што се ажурираат најновите правила/рестрикции за патување поради Ковид-19 кои важат за различни земји.
Во меѓувреме, добивме коригирана информација дека во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини и истото го споделуваме со вас.
Ви се извинуваме за ненамерната грешка.
Во моментов очекуваме детални информации од надлежните институции и надлежната Амбасада и веднаш штом ги добиеме, ќе ги споделиме со вас.
Другите детали во информациjата што ја објавивме на 12-ти јуни, се точни.
Имено, С.Македонија повеќе не е на листата на ризични земји за Ковид-19 на Германија, што значи дека влезот во странската земја за македонските државјани е можен само доколку тие припаѓаат во т.н. есенцијални патници и притоа презентираат или негативен тест за Covid-19 или доказ за вакцинација. Во исто време, електронски пополнетиот Формулар за локација на патници (Passenger Locator Form) повеќе не е потребен како предуслов за качување во авион.