КОВИД-19-ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ: ЛАБОРАТОРИЈАТА ЖАН МИТРЕВ ПОЧНУВА СО БРЗИ АНТИГЕН ТЕСТОВИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ОД УТРЕ, 24-ТИ ЈАНУАРИ

КОВИД-19-ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ: ЛАБОРАТОРИЈАТА ЖАН МИТРЕВ ПОЧНУВА СО БРЗИ АНТИГЕН ТЕСТОВИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ОД УТРЕ, 24-ТИ ЈАНУАРИ

Скопје, 23 јануари 2020

Со цел да одговориме на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната (КОВИД-19 – ИЗВЕСТУВАЊЕ: НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПАТНИЦИTE КОИ ПАТУВААТ ВО ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА/ШВАЈЦАРИЈА), ТАВ Македонија најде решение за барањето за брзи антиген тестови направени непосредно пред заминувањето на патникот.

Почнувајќи од утре, 24-ти јануари, лабораторијата „Жан Митрев” ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците ќе можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок.

Подвижното возило за тестирање на „Жан Митрев” Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина и Центарот за истражување применета микробиологија и биотехнологија, ќе биде присутно на Меѓународниот Аеродром Скопје, утре недела (24.01. 2021), од 9 до 15 часот, следејќи го редовниот дневен распоред на летови: ЗАМИНУВАЊА

Целта е да им се обезбеди опција на нашите патници кои утре заминуваат кон дестинациите во Германија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле  пред нивното пристигнување на аеродромот.

Подвижното амбулантно возило за брзо антиген-тестирање на лабораторијата „Жан Митрев”, ќе биде присутно на скопскиот аеродром и во следните денови, следејќи ги времињата на летовите до дестинациите/земјите коишто ги воведоа новите ограничувања за патување.

За повеќе детали во врска со самиот тест, ве молиме контактирајте ја лабораторијата „Жан Митрев“, на телефонскиот број +389 2 3091484 (од 8 до 19 часот од понеделник до петок; од 8 до 15 часот за време на викендите) како и преку другите контакти достапни на нивната веб-страница: Лабораторијата „Жан Митрев“, додека за повеќе информации во врска со тестовите што ги прифаќаат земјите од ЕУ/Шенген, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на земјата на вашето пристигнување.

Доколку одлучите да направите брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, со цел да не се создава метеж пред аеродромската зграда, апелираме да пристигнете на аеродром навреме, најмалку 3 часа пред времето на полетување. 

Како што објавивме вчера, од 24-ти јануари, Холандија бара негативен брз антиген тест не постар од 4 часа пред качување во авион, како дополнување на нивното барање за негативен PCR-тест кое е валидно од 29-ти декември 2020 година (следниот лет од скопскиот аеродром до Ајндховен е на 29 јануари); Германија бара негативен КОВИД-19 тест не постар од 48 часа и притоа ги прифаќа следните тестови: PCR, LAMP (loop-mediated isothermal amplification), TMA (transcription-mediated amplification) и брзи антиген тестови одобрени од СЗО; Франција бара негативен PCR-тест не постар од 72 часа. 

Сите детали од нашата објава на оваа тема, објавена вчера, на следниот линк: КОВИД-19 – ИЗВЕСТУВАЊЕ: НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПАТНИЦИTE КОИ ПАТУВААТ ВО ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА/ШВАЈЦАРИЈА