Известување за патниците
Почитувани патници,
Германија ја ажурираше листата на земји кои не се во ЕУ а од каде патниците сега ќе можат да патуваат од несуштински причини, односно како туристи, од 20 јуни 2021 година.
Би сакале да Ве известиме дека согласно одлука на Германската влада, сега е дозволен влез во Германија, за вообичаено дозволени цели, вклучително и туристички, од следниве земји: САД, Тајван, Хонг Конг, Макау, Албанија, Србија, Северна Македонија и Либан. Новите правила стапуваат на сила во 00:00 часот, недела, 20 јуни 2021 година.
За повеќе информации кликнете на линкот подолу.
https://www.bmi.bund.de/SharedDocs/pressemitteilungen/EN/2021/06/entry-from-multiple-non-EU-countries.html
Патувањето во Германија е дозволено за патниците, односно граѓаните на земјите наведени во листата, со следниве услови или барања:
- Негативен антигенски тест за КОВИД-19, направен најдоцна 48 часа пред пристигнување; или
- Негативен PCR, RT-LAMP или TMA тест за КОВИД-19, направен најдоцна 72 часа пред пристигнување; или
- Сертификат за вакцинација (Сертификатот мора да содржи информација дека патникот бил целосно вакциниран, најмалку 14 дена пред заминување и мора истиот да се приложи на англиски, француски, германски, италијански или шпански јазик. AstraZeneca (Vaxzevria), Janssen, Moderna and Pfizer-BioNTech – прифатени вакцини),
- Ако во последните 10 дена патникот не престојувал во ризична зона, Боцвана, Бразил, Есватини (Свазиленд), Индија, Лесото, Малави, Мозамбик, Непал, Јужна Африка, Велика Британија, Уругвај, Замбија или Зимбабве (https://www.rki.de/DE/Content/InfAZ/N/Neuartiges_Coronavirus/Risikogebiete_neu.html;jsessionid=9D6CCD87CE18B09E4E88B61E4C96941C.internet071)
За повеќе информации, дополнителни објаснувања и евентуални измени, Ве молиме контактирајте ја германската амбасада во Скопје и авиокомпанијата со која патувате.