Важно известување за патниците во заминување!
Ве известуваме дека менувачниците кои се наоѓаат во терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, во зоните на заминувања и пристигнувања, на 31.12.2025 ќе затворат во 20:00 часот.
Повторно ќе започнат со работа на 01.01.2026, и тоа:
– во 10:00 часот менувачницата во зоната на пристигнувања
– во 12:00 часот менувачницата во зоната на заминувања
Во периодот додека менувачниците се затворени, сите шалтери за наплата на услуги (пријавување, дополнителен багаж, чување багаж, паркинг услуги) нема да примаат готовина во странски валути.
Плаќањата ќе може да се извршат со платежна картичка или со готовина во денари.