Отворање на Канцеларија на граничната меѓуагенциска единица поддржана од Обединетите Нации, за борба против дрога и криминал на Меѓународниот аеродром Скопје.

Отворање на Канцеларија на граничната меѓуагенциска единица поддржана од Обединетите Нации, за борба против дрога и криминал на Меѓународниот аеродром Скопје.


Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, заедно со директорката на Царинската Управа, Славица Кутиров и Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје, заедно засадија дрвца во чест на јубилејот “30 години Царинска Управа”, како и за означување на официјално отворање на Канцеларијата на граничната меѓуагенциска единица поддржана од Обединетите Нации, за борба против дрога и криминал.

 

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, по овој повод рече: “Сакам да им се заблагодарам на Граничната полиција и на Царината за добрата соработка и се надевам дека истата ќе продолжи дополнително да се развива и да расте, исто како што ќе растат дрвцата кои денеска заеднички ги засадивме пред аеродромската зграда.”

Батак потенцира дека двете државни институции - Царинската Управа и Министерството за внатрешни работи, покрај ТАВ Македонија како аеродромски оператор, се клучни чинители во работењето на аеродромот, кој воедно е и граничен премин.

 

Тој им ја честиташе 30-годишнината на директорката Кутиров и на другите претставници на Царинската Управа и воедно ја поздрави Владата, ОН и сите инволвирани институции за отворањето на Канцеларијата на граничната меѓуагенциска единица, чијашто примарна задача ќе биде таргетирање и справување со случаи на сомнителни патници и пратки од воздушниот сообраќај.