Објава - проект „Зен куче“ на Меѓународен Аеродром Скопје
Почитувани патници,
Со цел порелаксирачки и попријатни патувања, Меѓународниот Аеродром Скопје со задоволство најавива нов проект „Зен куче“. Почнувајќи од утре, 22 ноември 2024 година, пријателски настроено и добро обучено терапевтско куче, чие име е Дино, ќе биде достапно, во одредени денови во месецот, во клучните зони на аеродромот за удобност и ослободување од стрес на патниците.
Патувањето понекогаш може да биде стресно, а воведувањето на терапевтско куче има за цел да создаде смирувачка средина за патниците. Терапевтско куче, опремено со специјален елек, ќе биде во зоната на заминување, кај излезите (гејтовите), каде што патниците ќе можат да комуницираат со кучето за смирувачки момент пред нивниот лет.
Терапевтското куче е дел од тековната посветеност на аеродромскиот оператор, ТАВ Македонија, за подобрување на искуството на патниците и поттикнување пријателска, релаксирачка атмосфера на аеродромот. Иницијативата е дизајнирана да ги надополни другите удобности и услуги со кои приоритет се дава на благосостојбата на патниците.