ТАВ АЕРОДРОМИ ДОНИРАШЕ 160 ОБРОЦИ ЗА БЕЗДОМНИ ЛИЦА НА ПУНКТОТ МОМИН ПОТОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ ДОНИРАШЕ 160 ОБРОЦИ ЗА БЕЗДОМНИ ЛИЦА НА ПУНКТОТ МОМИН ПОТОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

Одбележувајќи го 10-ти октомври, Светскиот ден на бездомништвото, ТАВ Македонија донираше топли готвени оброци на Пунктот за бездомници – Момин Поток, кој што функционира во рамките на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми денеска донираше свежо подготвена готвена храна на Пунктот за бездомници – Момин поток, којшто функционира во рамки на Црвениот крст на Град Скопје. 

Овој чин на сочувствување има за цел да ги поддржи поединците кои се соочуваат со бездомништво обезбедувајќи им топол и хранлив оброк, поттикнувајќи чувство на достоинство и грижа на овој светски ден за подигнување на свеста за бездомништвото. 

Волонтери-вработени на Меѓународниот Аеродром Скопје помогнаа во пакувањето на 160 готвени оброци коишто беа подготвени од страна на БТА, сестринската компанија на ТАВ Македонија одговорна за храна и пијалаци на Меѓународниот Аеродром Скопје. 

Во кујната на БТА, волонтери-вработени на скопскиот аеродром, заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и заменик генералниот директор на ТАВ Македонија за операции, Перо Лупевски, им помогнаа на професионалните готвачи и персоналот во кујната на БТА да ги подготват балансираните, здрави оброци, кои денеска беа доставени до пунктот за бездомници и разделени на самите корисници на центарот.

Донацијата на готвени оброци и соработката со Црвениот крст на град Скопје ја одразуваат постојаната заложба на ТАВ Македонија за поддршка на заедниците и на оние на кои најмногу им треба помош, а овој пат се однесува на гладот и бездомништвото. 

„На овој важен ден, додека размислуваме за предизвиците со кои се среќаваат луѓето кои се соочуваат со бездомништво, како ТАВ Аеродроми, сакаме да дадеме наш придонес во осврнувањето кон ова важно прашање. Веруваме дека секое лице заслужува пристап до добра храна и сочувствување и горди сме што на овој начин придонесуваме. Нашата донација е мал но значаен чекор во правењето опиплива разлика во животите на оние на кои им е потребна. Среќни сме и благодарни што за поддршка на оваа заедница работиме заедно со Пунктот за бездомници – Момин Поток при Црвениот крст на град Скопје. Со нетрпение ги очекуваме идните успешни хуманитарни активности со нашиот нов партнер – Црвениот крст на Град Скопје.“  – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. 

Светскиот ден на бездомништвото се одбележува на глобално ниво за да се подигне свеста за прашањето на бездомниците и да се поттикне потребата од колективно дејствување за решавање на ова сериозно прашање.  

Со учество во иницијативи како оваа, ТАВ Македонија соработува со Црвениот крст на Град Скопје за да се залага за иднина во која се вклучени сите. Со милиони луѓе засегнати на глобално ниво, организациите како што е Црвениот крст се клучни модели за давање основни услуги, засолниште и поддршка за оние на кои им треба.

„Денес покажуваме колку е важно да сме солидарни и да се дава поддршка онаму каде што е најпотребна. Бездомниците, како една од најранливите социјално загрозени категории, имаат потреба од помош и поддршка со цел олеснување на нивниот секојдневен живот. Благодарност за донацијата реализирана преку ТАВ Македонија, кои покажаа колку е значајно да се биде општествено одговорен, како пример и поттик за сите поединци и општествени субјекти.“ – изјави Сузана Тунева Пауновска – секретар на Црвен крст на Град Скопје. 

Како што објасни таа, пунктот за бездомници е прифатно место за лицата кои животните патишта ги одвеле на улица. Преку активностите во пунктот – одржување хигиена, лекарски преглед и препишување терапија, оброци, поддршка од страна на социјален работник и психолог, секако поддржани од поединци и компании – Црвениот крст придонесува за нивна успешна реинтеграција во заедницата. 

Оваа соработка со Црвениот крст на град Скопје и Пунктот за бездомници – Момин Поток и оваа донација од топли оброци ја одразуваат посветеноста на ТАВ Македонија кон корпоративната општествена одговорност и вклучувањето на локалните заедници, со стремеж да се подобрат животите на загрозените лица и да поттикне поправедно и сочувствително општество. 

ТАВ Македонија останува посветена на осврнување на социјалните прашања, правичноста и инклузивноста.