ТАВ АЕРОДРОМИ: ПРЕСКОКНЕТЕ ГИ РЕДИЦИТЕ СО НОВАТА ЛЕНТА ЗА БРЗО ПОМИНУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ
ТАВ Оперативни услуги, водечки светски давател на комерцијални услуги на аеродромите, кој е дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, и Виза, светски лидер за дигитални плаќања, воведоа нова услуга, лента за брзо минување на Меѓународниот Аеродром СкопјеТ
ТАВ Аеродроми, преку ТАВ Оперативни услуги и поддржани од страна на Виза, со задоволство објавува дека од 18-ти март 2024 лансира нова услуга, лента за брзо поминување за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје кои се сопственици на Виза премиум картички.
Со воведувањето на ваква нова услуга за брзо поминување, која е создадена да го подобри патничкото искуство на патниците, почнувајќи од 18-ти март 2024, патниците кои користат Виза премиум картички, можат да ја искористат оваа услуга за да го забрзаат своето патување низ аеродромот и да ги прескокнат редиците на контролните пунктови за пасошка и безбедносна проверка.
„Воведувањето на услугата за брзо поминување на Меѓународниот Аеродром Скопје е уште една предност за патниците, бидејќи како аеродромски оператор - ТАВ Аеродроми, веруваме дека времето е најскапоцената валута за нашите патници. Со воведувањето на нашата услуга, лента за брзо поминување, заштедуваме минути и време и создаваме дополнителна удобност за нашите патници” - изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Две порти за брза проверка се достапни во делот на Заминувања на Меѓународниот Аеродром Скопје, првата е пред пасошка контрола, а втората веднаш по пасошка контрола, пред пунктот за безбедносна проверка.
Сите оние кои поседуваат Виза премиум картички* со повлекување на картичката на посебните читачи на портата што води кон лентата за брзо минување, ќе можат да ги заобиколат редиците.
„Среќни сме што заедно со ТАВ Оперативни услуги, можеме да ја обезбедиме оваа поволност за корисниците на Виза премиум програмата, кои патуваат низ Меѓународниот Аеродром Скопје. Нашата цел е да претставиме уникатен сет на бенефиции кои ќе им дадат на корисниците на Виза премиум картичките дополнителна слобода, флексибилност и сигурност” - изјави Ана Драшковиќ, потпретседател на Виза за Југоисточна Европа.
*Сопствениците на Виза картички добиваат бесплатен пристап до лентата за брзо поминување под следниве услови:
Gold card – 1 пристап годишно
Platinum Card - 2 пристапи годишно
Platinum Business cards – 2 пристапи годишно
Signature Card – 4 пристапи годишно
Signature Business cards – 4 пристапи годишно
Infinite cards – неограничен пристап.
**Условите важат за сопствениците на Виза картички издадени во следните земји: Северна Македонија, Република Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, вклучувајќи ги Украина, Молдавија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан, Азербејџан , Грузија и Ерменија.
***За патници и клиенти: тим за поддршка на Виза 360:
- VISA Chat Bot: Viber или Telegram https://mssg.me/_concierge_
- Контакт е-пошта visa@call-center.link
- QR код на страницата на Виза