ТАВ: easyJet ќе влезе на македонскиот пазар со воведување нова авиолинија: Женева – Скопје
Изиџет (еasyJet), водечката европска авиокомпанија според мрежата на авиолинии, продолжува со својата заложба и инвестирање во Европа со отворање на нова авиолинија од Женева, Швајцарија, до Скопје, Северна Македонија, известуваат од ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, откако авиокомпанијата го најави воведувањето на оваа воздушна конекција.
Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година.
Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1 476 денари* за авиобилет во една насока.
Како што изјавија од Изиџет (easyJet), оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.
Од ТАВ Македонија се среќни што ја слушаат веста дека авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар со отворањето на нова авиолинија Женева–Скопје, и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања.
Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.
За детали за редот на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје, за Заминувања посетете ја веб страницата http://www.airports.com.mk/en-EN/flights/departure-flights; додека за Пристигнувања кликнете на http://www.airports.com.mk/en-EN/flights/arrival-flights
Детали за новата авиолинија на easyJet од Скопје:
Од Скопје |
Фреквенции |
Датум на летови |
Цените за еден лет со вклучени такси почнуваат од: |
Женева |
3 лета неделно понеделник, четврток, петок |
1-ви ноември, 2021г. – 25-ти март, 2022г. |
1 476 ден.* |