ТАВ Македонија, на Меѓународниот Аеродром Скопје, го пречекапрвиот лет од Сплит на Кроација ерлајнс
Доцна вечерва, петок, 12-ти мај 2023 година, во 23:00 часот, со традиционален воден мост и колачиња за добредојде, на Меѓународниот Аеродром Скопје, ТАВ Македонија ги пречека патниците што пристигнаа со првиот лет на Croatia Airlines од Сплит, а во 5 часот и 45 минути утринава ќе ги испратиме и првите патници кои ќе полетаат од Скопје за Сплит.
Авиолинијата Сплит – Скопје – Сплит на хрватскиот национален авиопревозник, ќе го поврзува македонскиот главен град со центарот на Далмација на хрватското приморје, во текот на летната сезона, односно до средината на октомври.
Во овој период, Croatia Airlines ќе лета со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок.
Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник и 23:00 часот во петок, додека времето на заминување од Скопје за Сплит ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота.
Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути.
Веруваме дека оваа авиолинија ќе биде погодна за сите туристи и патници коишто сакаат да го скратат времето на патување за да имаат повеќе време за истражување и нови спомени од Јадранското море.
За резервација на авиобилети ве молиме посетете ја веб-страната на Croatia Airlines: https://www.croatiaairlines.com/