ТАВ, КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС И ТУРИСТИЧКАТА ЗАЕДНИЦА НА СПЛИТСКО-ДАЛМАТИНСКАТА ЖУПАНИЈА ЈА ПРЕЗЕНТИРАА НОВАТА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ-СПЛИТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ

ТАВ, КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС И ТУРИСТИЧКАТА ЗАЕДНИЦА НА СПЛИТСКО-ДАЛМАТИНСКАТА ЖУПАНИЈА ЈА ПРЕЗЕНТИРАА НОВАТА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ-СПЛИТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ

ТАВ Македонија, со своите претставници од Меѓународниот ТАВ Македонија, со своите претставници од Меѓународниот Аеродром Скопје, како коорганизатор, заедно со Croatia Airlines и Туристичката заедница на Сплитско-Далматинската жупанија, на 24 април 2023 година, во Скопје, заеднички ја презентираа најавената нова сезонска линија Скопје – Сплит на македонските туристички агенции

Она што беше истакнато на презентацијата беше воведувањето на сезонски летови на новата авиолинија Скопје-Сплит, со која хрватскиот национален авиопревозник Croatia Airlines директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на годинашната туристичка сезона.  
Како што ТАВ Македонија и Кроација ерлајнс заедно најави претходно годинава, првиот лет на оваа нова авиолинија ќе биде на 12-ти мај и истата ќе сообраќа до средината на октомври 2023 година. Croatia Airlines ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит, туристичкиот центар на Далмација.  
Авионот на Croatia Airlines ќе полетува од Меѓународниот Аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите на рутата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта. 
Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на Croatia Airlines (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација.   
Јадранското Море и хрватското крајбрежје отсекогаш биле атрактивни дестинации за одмор за македонските граѓани, кои и покрај долгото патување (повеќе од 12 часа со автомобил), избирале таму да летуваат, па затоа, од ТАВ Македонија сметаат дека со воведувањето на оваа нова авиолинија, не само што патувањето ќе се скрати на само 1 час и ќе го направи хрватското крајбрежје многу подостапно за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје, туку и ќе овозможи и хрватските граѓани од Сплитскиот регион да ја посетат нашата земја. 
Дополнително, од ТАВ изјавуваат дека се среќни што авиокомпанијата Croatia Airlines го препознала потенцијалот и донела одлука да ја воведе оваа директна воздушна конекција меѓу Скопје и Сплит, која што се надеваат дека следните години ќе стане редовна, традиционална дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје.  
Во текот на овогодинешната туристичка сезона, Croatia Airlines планира да ја поврзе Хрватска со 24 меѓународни дестинации (односно, 25 европски аеродроми) со летови на 47 меѓународни авиолинии. Поточно, 17.000 летови и преку 1.820.000 седишта планирани од страна на Croatia Airlines. 
ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, го заврши првиот квартал од 2023 година, јануари – март, со речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41% во однос на истиот период во 2022 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39%.