ВИЗ ЕР И ТАВ МАКЕДОНИЈА НАЈАВУВААТ ЕКСПАНЗИЈА СО НОВИ АВИОЛИНИИ И 6-ТИ АВИОН ВО БАЗАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
• Вкупно шест авиони ќе бидат сместени на Меѓународниот Аеродром Скопје од декември 2023 година
• Две нови авиолинии и зголемена фреквенција на постоечки 9 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје
• Виз ер дополнително ја зголемува својата мрежа од Северна Македонија на вкупно 35 авиолинии, летајќи со досега најголемиот распоред во 2023 година и ја зајакнува својата позиција како најголема авиокомпанија во земјата
Виз ер ќе отвори две нови авиолинии од Скопје, до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојната есен и зима и ќе додели уште еден авион во Скопје со што ќе ја зголеми својата база во македонскиот главен град на вкупно 6 воздухоплови од декември 2023 година.
Авиобилетите се веќе достапни на веб-страницата wizzair.com или пак на мобилната апликација Wizz Air's mobile app.
„Среќни сме што ги проширивме нашите воздушни операции во Скопје и поради тоа што воведуваме нови рути до Луксембург и до Љубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашите фреквенции на девет рути и понудените нови дестинации, имаме за цел да им обезбедиме на нашите патници неспоредлива конекција и искуства од патувањата. Би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот Аеродром Скопје за нивното одлично партнерство како и на Министерството за транспорт и врски за поддршката во работењето со нас за изградба на подобра воздушна поврзаност на Северна Македонија“, изјави Роланд Тишнер, Извршен директор и офицер за операции во Виз Ер Унгарија.
„Во ТАВ Македонија сме среќни со оваа добра вест дека Wizz Air донесе одлука да го смести шестиот авион во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој чекор ќе резултира со севкупен раст на скопскиот аеродром што ќе го направи нашиот аеродром уште поатрактивен избор за деловни и рекреативни патници. Сместувањето на шестиот авион во базата е пресвртница што ја означува довербата на нашите партнери кои ни ја даваат како аеродромски оператор. Тоа ќе биде ново поглавје во нашето патување кон извонредност и ќе послужи како катализатор за понатамошен раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ја прифатиме оваа можност и да обезбедиме исклучително искуство и за авиокомпанијата и за нашите ценети патници. Би сакал да се заблагодарам и на Виз ер за нивната одлука и на Министерството за транспорт и врски за континуираната поддршка“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
НОВИТЕ АВИОЛИНИИ НА WIZZ AIR ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Рути |
Фреквенција |
Цени од ** |
Почеток |
Скопје – Луксембург |
Понеделник, Среда, Петок |
MKD 1869 / 29.99 EUR |
18 Декември 2023 |
Скопје - Љубљана |
Вторник, Четврток, Сабота*** |
MKD 1559 / 24.99 EUR |
27 Септември 2023 |
ЗГОЛЕМЕНИТЕ ФРЕНКВЕНЦИИ НА WIZZ AIR ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Рута |
Промена |
Скопје – Дортмунд |
од 7 на 10 летови неделно |
Скопје – Меминген |
од 7 на 9 летови неделно |
Скопје – Ајндховен |
од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Берлин |
од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Брисел Шарлоа |
од 4 на 7 летови неделно |
Скопје – Рим Фиумичино |
од 3 на 5 летови неделно |
Скопје – Карлсруе/Баден-Баден |
од 3 на 4 летови неделно |
Скопје – Братислава |
од 3 на 4 летови неделно |
Скопје - Бремен |
од 2 на 3 летови неделно |
* Според CAPA – Centre for Aviation Awards for Excellence 2022
**Цена во една насока, вклучувајќи административна такса. Вклучена е една торба за носење (максимум: 40x30x20cm). Торба со тркалца и секое парче регистриран багаж се предмет на дополнителни такси. Цената важи само за резервации направени на wizzair.com и мобилната апликација WIZZ.
*** Со 2 лета неделно во среда и недела до крајот на летната сезона 2023 година