Што е SMS?
Како ТАВ Македонија, сите наши активности ги сметаме како дел од нашиот менталитет за иновативно управување и ги прифаќаме одржливите практики на Системот за управување со оперативната безбедност (ЅМЅ) кои ги имплементираме за нашите вработени, за оние кои го користат аеродромот и засегнатите страни како интегрален дел од нашиот проактивен пристап.
Со цел да ја исполниме оваа обврска, развиваме, имплементираме и одржуваме стратегии и процеси и ги прифаќаме следните политики и начела за постојано подобрување со цел да се постигне максимално ниво на оперативна безбедност:
- Обезбедуваме потребна работна сила и финансиски ресурси со цел да ги развиваме, подобруваме и одржуваме практиките на Системот за управување со оперативната безбедност и да работиме со пристап на фер култура.
- Воспоставување систематски ефикасно известување за оперативната безбедност преку градење силна комуникациска мрежа меѓу дисциплините со цел активно управување со практиките од Системот за управување со оперативна безбедност.
- Развивање и одржување стратегии при задоволување на барањата на системот со цел да се трансформираат активностите кои се вршат во доброволно и природно однесување на вработените.
- Усвојување на Системот за управување со оперативната безбедност од страна на сите вработени почнувајќи од највисокото раководство, со цел воспоставување структура во која системот ќе е одговорен за однесувањето кои ќе се подобрат на највисоко ниво
- Развивање процеси преку анализа на закана за безбедноста, која ќе се фокусира на идентификување на опасностите што се опишани како поврзани со човечкиот фактор и елиминирање на ризиците што произлегуваат од овие опасности или нивно намалување на прифатливо ниво.
- Усогласување со условите на договорот, националните и меѓународните прописи и законските легислативи релевантни за практиките и барањата на Системот за управување со оперативна безбедност.
- Поддршка на вработените преку програми за обука и развој со цел да се зголеми нивната лична свесност и компетенции во правилата и практиките за Системот за управување со оперативната безбедност и зајакнување на Системот за управување со оперативната безбедност преку вклучување на вработените во областите каде што тие можат да ги користат овие вештини.
- Поставување мерливи, остварливи и временски зависни цели за постојано следење и подобрување на ефикасноста на оперативната безбедност, носење одлуки дали мерките на претпазливост треба да се материјализираат во согласност со овие цели и започнување на процесот на проверка на системот за управување со оперативната безбедност.
- Осигурување дека нашите добавувачи и подизведувачи ги задоволуваат поставените стандарди за ефикасност при работењето во однос на Системот за управување со оперативна безбедност.
- Спроведување на сите процедури, инструкции и други правила кои се подготвени за заштита на стандардите за Системот за управување со оперативна безбедност поставени од компанијата и обезбедување одлична ефикасност на системот.
- Поттикнување на сите вработени да бидат вклучени во системот со тоа што ќе ги разгледаат сите информации добиени од нив како што се не-казнени известувања како дел од Системот за управување со оперативна безбедност, што придонесува за подобрување на системот.
|
||||
Што претставува Системот за управување со оперативна безбедност (Safety Management System–SMS)?
Системот за управување со оперативна безбедност е систем за управување што ни овозможува да ги дефинираме опасностите што може да произлезат за време на нашите активности, да ги пресметаме ризиците, да ги намалиме овие ризици до прифатливо ниво преку имплементација на потребното подобрување, како и преку постојано следење и усовршување на ефикасноста на оперативната безбедност.
Управувањето со ризици во поглед на оперативната безбедност е основниот услов во воздухопловниот сектор.
Постојаното подобрување на оперативната безбедност во воздухопловството и развојот на услугите што ги нудиме може да биде остварливо и одржливо само кога нашите засегнати страни, чинителите ќе одговорат на прашањето за оперативна безбедност.
Барањата за SMS што Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (International Civil Aviation Organization–ICAO) ги воведе во целиот воздухопловен сектор со Прирачникот за управување со системот за оперативна безбедност 9859-AN / 474 (Safety Management System Manual 9859-AN/474), издание 3.
На национално ниво, воспоставување и имплементација на SMS стана правна обврска за организациите кои се водат според регулативата, правилникот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, објавен во Службен весник 151/2007 на 14.12.2007.
Пријавување случаи поврзани со аеродромска оперативна безбедност (ЅМЅ)
Контакт
Телефон: ++389 2 3148 314; ++389 72 313 956
Е-пошта: safetyskp@tav.aero
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.