НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ НА ОНУР ЕР И ТАТИЛБУДУР ОД ИСТАНБУЛ
Со воден мост во форма на виножито, локум, разнобојни колачиња и сечење торта, ТАВ Македонија срдечно ги пречека првите 180 патници кои попладнево пристигнаа на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле од Истанбул, во авион од типот Ербас А320 на авиокомпанијата Онур Ер, во организација на тур-операторот Татилбудур.ком
Новите сезонски летови Истанбул-Охрид-Истанбул ќе функционираат секоја недела, во периодот од 15-ти април до 21-ви октомври, со време на полетување од аеродромот Ататурк во Истанбул кон Охрид во 13 часот и 30 минути, додека од Охрид кон Истанбул ќе полетуваат во 15:00 часот.
-На наше големо задоволство денеска на охридскиот аеродром го пречекавме првиот лет од Истанбул и го одбележуваме почетокот на соработката со авиокомпанијата Онур Ер и тур-операторот Tatilbudur.com на македонскиот пазар. Во текот на ова лето, повеќе од 4.500 патници со 23 летови од Истанбул ќе пристигнат на аеродромот во Охрид, а летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, од 15-ти април до 21-ви октомври. Ова ќе биде значителен придонес за порастот на вкупниот број турски туристи овде, како и за развојот на туризмот на Охридското Езеро воопшто. Иако се организирани како туристички пакети, овие летови не се само туристички тури, туку и добра врска помеѓу двата града како за бизнис, така и за посети на роднини и пријатели. Покрај резервирањето на патувања преку Tatilbudur.com, патниците исто така, можат да купат авионски билети и индивидуално, директно на www.onurair.com, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.
-Ние, како Онур ер, сакаме да летаме на дестинации кои досега не биле опслужувани. Сè додека имаме мотив, дури и мал мотив. Татилбудур ни го даде овој мотив и импулс. ТАВ исто така нè поддржаа. Ја изразуваме нашата благодарност до нив. Се надеваме дека ќе постигнеме успех во Охрид, заокружувајќи широк спектар на нашето културно наследство. Летовите треба да ги привлечат не само патниците кои живеат во Македонија, туку и оние кои живеат во соседната држава Албанија, а авио-картите можат да се купат преку нашата веб-страница, како и преку авторизираните агенции за продажба, изјави Теоман Тосун, Генерален директор на Онур ер.
- Како што ТатилБудур прославува 20-годишнина во туристичкиот сектор, среќни сме што можеме да го најавиме летот Истанбул-Охрид, којшто ќе даде значаен придонес во авијацискиот бизнис во Турција. Овој лет е навистина значаен за нашата земја, за ТатилБудур, Онур ер и за ТАВ, затоа што е првиот директен лет од Истанбул до Охрид. Нашата цел во ТатилБудур е да станеме најголемиот тур-оператор што пренесува најмногу турски туристи во балканските земји. Планираме да организираме 22 неделни тури со 23 лета до Охрид. Со помош од овој директен лет, планираме да понудиме економична можност за патување за турските туристи во шест земји, вклучувајќи ја Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија, вели извршниот директор на ТатилБудур, Ченк Ангин.
ТАВ Македонија очекува фрекфентна летна сезона на аеродромот во Охрид. Покрај Истанбул, најавено е дека ќе бидат отворени уште 3 нови сезонски дестинации –Варшава, Талин и Ајндховен, покрај постоечките сезонски летови од Амстердам, Брисел, Тел Авив, Катовице, во периодот од април до октомври.
Полскиот тур-оператор Рего бис, кој почна сезонски летови од Катовице до Охрид во 2017 година, објави дека ќе воведе уште една дестинација – Варшава; естонската авиокомпанија Нордика ќе отпочне сезонски летови од Талин до Охрид; холандскиот тур-оператор ТУИ, кој веќе лета од Амстердам, ќе ги прошири своите операции во Охрид, воведувајќи го Ајндховен како нова дестинација.
Почнувајќи од ноември 2018 година пак, Виз Ер ќе воведе нова редовна линија од Охрид до Виена, која ќе биде оперативна во текот на целата година.
Во моментов, на охридскиот аеродром има три редовни линии, до: Базел, Цирих и Лондон, кои сообраќаат преку целата година.
Вкупно 448.729 патници патувале преку македонските аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, во првите три месеци од 2018 година, што е пораст од 22%споредено со истиот период лани.
Во исто време, на двата аеродроми се реализирале вкупно 4.018 летови, што е 19 % повеќе од првиот квартал во 2017 година.
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.