ТАВ И ВИЗЕР ГО ОДБЕЛЕЖАА ОТВОРАЊЕТО НА ТРИ НОВИ ЛИНИИ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
Отсега од ,,Александар Велики’’ по два пати неделно ќе се лета до Берлин, Копенхаген и Братислава
Со церемонија на сечење торта, ТАВ Македонија и Визер денеска го одбележаа отворањето на трите нови линии од скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ до Берлин, Копенхаген и Братислава, чии први летови почнаа во изминатите седум дена, односно на 21-ви, 22-ри и 28-ми март, соодветно.
-Со почетокот на пролетта приредуваме нови изненадувања за нашите патници. Со воведувањето на трите нови линии од аеродромот ,,Александар Велики’’ до Берлин, Копенхаген и Братислава, односно до три главни града во три држави, бројката на главни градови со кои Скопје е воздушно поврзано во Европа, од 11 се зголеми на 14. Сите три линии ќе бидат сестрано прифатени од нашата дијаспора, граѓаните на Македонија, туристите и бизнисмените. За прв пат од Скопје ќе се лета за Словачка, што ќе биде извонредна можност за запознавање со убавините на Братислава. За нас Македонците оваа линија има и посебно културолошко значење, со оглед на историскиот факт дека браќата Кирил и Методиј својата просветителска мисија ја остварувале токму во Моравија. Копенхаген ќе биде уште едно поврзување на Македонија со скандинавските земји, и можност Данците кои се познати како патувачи и кои го посетуваат Охрид, да доаѓаат во Македонија преку целата година. Берлин е деветта по ред дестинација во Германија, која е интересна како од туристички, така и од бизнис аспект. ТАВ Македонија ќе продолжи посветено да работи на воведување и на нови услуги и погодности за патниците во терминалната зграда, преку нашите партнерски фирми BTA-задолжена за храна и пијалаци, ATU- која управува со безцаринските зони, ТАВ ИТ – која менаџира со информациските технологии и ТАВ МОС – која се занимава со оперативните услуги, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Wizz Air во рамки на летниот распоред на летање на скопскиот аеродром кој почнува од денеска, ќе лета на трите релации по два пати неделно, и тоа Скопје-Берлин во вторник и во сабота, Скопје-Братислава во понеделник и во петок, и Скопје-Копенхаген во среда и во недела.
-Македонија продолжува да ги исполнува нашите очекувања за пораст на бројот на патници и ние одговараме со повеќе дестинации и пониски цени. Македонија не само што може да се пофали со богата историја туку и со неверојатна природна убавина, особено околу Охридското езеро. Во Скопје, Старата чаршија, Камениот мост и тврдината Кале носат туристи од Европа, многумина од нив со летовите на Визер, кои брзо се вљубуваат во оваа земја. Многу сме горди што можеме да помогнеме во зајакнувањето на економијата и мултиплицирањето на можностите на земјата’’, изјави Дејвид Морган, извршен директор за летачки операции на Визер.
Со новите линии Визер има повеќе од еден милион седишта на располагање за 2016 година, што претставува пораст на капацитетот за 22% споредено со 2015 година. Авиокомпанијата нуди нискобуџетни линии до 24 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром, притоа поврзувајќи ги македонските граѓани со 11 држави. На почетокот од годинава го одбележа надминувањето на два милиони патници во Македонија, од почетокот на своите операции во 2011 година.
Покрај отворањето на трите нови рути, Визер најавува и нова линија до Хамбург во Германија, почнувајќи од 20 јуни, што всушност ќе биде замена за досегашната линија до аеродромот во Лубек, како помал град во близина на Хамбург. За сите летови продажбата е на следниот линк: www.wizzair.com.
ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со пораст од 22% на вкупниот број на патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, достигнувајќи бројка од 1.560.381 патник. Истовремено, вкупниот број на воздухопловни операции беше 15.510, со пораст 11% на годишно ниво.
Трендот на зголемен сообраќај продолжува и годинава. Во првите два месеци од 2016 година преку двата македонски аеродроми биле превезени 219.378 патници, што е пораст од 28% во однос на истиот период во 2015 година. Истовремено, бројот на операции (полетувања и слетување) на двата аеродроми е зголемен за 15%.
На почетокот од месецов скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ ја доби ASQ наградата за најдобар аеродром во Европа за 2015 година за квалитетот на услугите, во категоријата на аеродроми под два милиони патници, што е трет пат како го добива ова признание од страна на престижната авијациска организација ACI (Airports Council International), по добивањето на истатата награда во 2012 и 2013 година.
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.