ТАВ ДОНЕСЕ НОВИНАРИ ОД ПОЛСКА ДА ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА

ТАВ ДОНЕСЕ НОВИНАРИ ОД ПОЛСКА ДА ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА

На покана и во органазија на ТАВ Македонија, пет новинари од Полска ја посетија Македонија во текот на јули, за да ги искусат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација меѓу полските туристи, со цел поддршка на авиолинијата Катовице-Охрид и креирање на поголема понуда на летови од Полска во Македонија  

Како продолжение на неодамна отворените сезонски чартер-летови од Катовице на охридскиот аеродром Св. Апостол ПавлеТАВ Македонија донесе пет новинари од Полска во Македонија, со цел да ги искусат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација меѓу туристите од Полска.

-Како што веќе знаете на 22. јуни на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле почнаа сезонските чартер-летови од Катовице. Еднаш неделно, еден од најголемите полски тур-оператори Рего Бис, со секој лет кон нашиот аеродром носи 220 патници на Охридското езеро. Имплементирајќи ја неодамнешната успешна маркетинг активност со турските блогери за промоција на Македонија меѓу турските граѓани, презедовме многу слична маркетинг-иницијатива, со цел да ја промовираме Македонија како интересна туристичка дестинација меѓу туристичките агенции и тур-оператори од Полска како и самите патници од оваа земја. Од 17. јули до 22. јули пет новинари од Полска, од угледни печатени и онлајн медиуми ја посетија Македонија, конкретно Скопје и скопскиот регион (кањонот на Матка, винарии), Охридското езеро и Битолскиот регион, искусувајќи ги убавините на земјата и нејзиното културно-историско наследство. Очекуваме оваа активност да придонесе за повисока побарувачка на летови од Полска кон Охрид, со цел тур-операторот Рего Бис да ја операционализира најавената дополнителна дестинација – Варшава, како и да придонесе за отворање на дополнителни чартер летови од Полска до Македонија организирани од друг полски тур-оператор, за што сме во преговори долго време, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.  

Како што објаснува Ерсој, ТАВ Македонија постојано презема слични маркетинг-активности не само за привлекување на авиокомпании и тур-оператори да почнат да летаат од двата македонски аеродроми – скопскиот Александар Велики и охридскиот Св. Апостол Павле, туку и да ги поддржи новоотворените дестинации и да создаде поголема побарувачка за летови кон Македонија од пазарите од каде што доаѓаат патници во земјава.  

Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле е во подем во изминатата една година, откако бројот на сезонски летови беше значително зголемен, кои што носат туристи на Охридското езеро од дополнителни четири нови пазари – Полска, Белгија, Израел, Србија. Освен традиционалните сезонски летови од Амстердам со Корендон и Туифлај кои секоја година функционираат кон охрискиот аеродром, во 2016 година чартер-летови од Брисел беа отворени од еден од најголемите европски тур-оператори Томас Кук; чартер-летови од Тел Авив беа отворени од израелската авиокомпанија Аркиа; сезонските летови на линијата Белград-Охрид од Ер Србија беа обновени, додека редовните авиолинии на Виз ер и Германиа Флуг кои функционираат преку целата година од Охрид до ЛондонБазел и Цирих, продолжуваат.

Во првите шест месеци од 2017 година, ТАВ Македонија забележа пораст од 6% на патничкиот сообраќај, споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аеродроми од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници.

Се неодамна новоотворените рути од скопскиот аеродром Александар Велики до Малта, Рим, Ваксјо и Доха, како и со проширувањето на фрекфенциите на постоечките линии, од ТАВ Македонијаочекуваат повисока стапка на пораст на сообраќајот во втората половина од годинава.

ТАВ Македонија сака да се заблагодари на агенцијата Fibula Air Travel за нивната поддршка при реализацијата на посетата на новинарите од Полска, од 17. до 22. Јули 2017 година.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.