ТАВ МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ АТИНА – СКОПЈЕ НА AEGEAN AIRLINES

ТАВ МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ АТИНА – СКОПЈЕ НА AEGEAN AIRLINES

Првиот директен лет од Атина пристигнa вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје. Aegean Airlines и ТАВ Македонија ја отворија новата авионска линија Атина – Скопје – Атина од 1-ви ноември

Со свечена церемонија за добредојде, ТАВ Македонија вечерва го пречека првиот директен лет од главниот град на Грција до Скопје, опериран од Aegean Airlines, најголемата авиокомпанија во Грција и членка на Star Alliance.  Патниците пристигнаа на Меѓународниот Аеродром Скопје со воздухоплов од типот Bombardier DH4, со 78 седишта.

Директната линија ќе сообраќа во текот на целата година, два дена во неделата, односно секој вторник и четврток. Првиот лет, денес, четврток, 1-ви ноември, од Меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина до Меѓународниот аеродром Скопје слета  во 18:55 часот, а полета назад кон Атина во 19:25 часот. Летовите што ќе сообраќаат секој вторник ќе слетуваат на Меѓународниот Аеродром Скопје од Атина во 09:15 часот, а  ќе се враќаат назад за Атина во 09:45 часот.

Од ТАВ Македонија потенцираат дека се среќни што ја додаваат Атина на долгата листа со градови кои што се поврзани со директни летови од Скопје. 

-Среќни сме што го најавуваме повторното воведување на директната линија меѓу Атина и Скопје.Веруваме дека ова понатаму ќе придонесе за развивање и за подобрување на економските односи меѓу двете земји. Директната авиолинија меѓу Скопје и Атина ќе биде кориснa не само за бизнис-патниците, туку и за туристите, како и за целокупната туристичка индустрија, бидејќи двете земји имаат многу да понудат во поглед на природни убавини, занимливи и атрактивни места коишто туристите треба да ги посетат, откријат и истражат, изјави Алпер Ерсој, Генералниот директор на ТАВ Македонија.  

Официјалните лица од Aegean Airlines исто така го изразија нивното огромно задоволство за повторното воведување на оваа авиолинија.

-Оваа нова линија доаѓа со цел да ја задоволи побарувачката на пазарот, и не само за да ја опслужи бизнис-заедницата, туку и за грчката заедница со седиште во Скопје. Се надевам дека оваа услуга ќе биде успешна и новите директни летови ќе ја постават сцената за нови можности за трговија, туризам и културна размена меѓу двете земји. Сигурен сум дека новите летови исто така ќе придонесат за проширување на соработката меѓу двете земји, на начин од кој придобивки ќе имаат двете економии, изјави Панос Николаидис, Директор за земски операции во Aegean Airlines.

Билетите за летовите за новата авиолинија Атина – Скопје се во продажба преку веб-страницата на Aegean Airlines.

Покрај директната авионска врска на релација Скопје - Атина и обратно, линијата ќе им овозможи на патниците и конекции преку главниот град на Грција до други дестинации.      

Aegean Airlines моментално сообраќа до вкупно 153 дестинации, 33 домашни и 122 меѓународни, во 44 држави, со 16.600.000 седишта достапни на 61 воздухоплов во рамки  на една од најмладите флоти во Европа.    

Со додавањето на оваа дестинација, Меѓународниот Аеродром Скопје сега е поврзан со 37 редовни линии во текот на целата година, оперирани од страна на 13 авиокомпании.

На аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид на 17-ти ноември ќе се отвори нова редовна линија од Виена, така што Охрид има 3 редовни линии што сообраќаат во текот на целата година и 8 сезонски дестинации, на кои сообраќаат 11 авиокомпании.

ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома продолжува со позитивните резултати од почетокот на годинава.  Во првите девет месеци од 2018 година (јануари – септември), вкупно 1,8 милиони патници патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународен аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што е пораст од 18% на годишно ниво. Во исто време, вкупниот број на летови е 15.395, што е 12% пораст споредено со истиот период минатата година.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.