TAV Macedonia welcomes one millionth passenger at Skopje Airport

TAV Macedonia welcomes one millionth passenger at Skopje Airport

ТАВ Македонија му посака добредојде на милионитиот патник на скопскиот аеродром

 Аеродромот „Александар Велики“ - Скопје со кој раководи ТАВ Македонија, го прослави својот успех со достигнувањето на ‘милион патници’ годинава

 „ТАВ Македонија“, компанијата која е дел од водечкиот аеродромски оператор, холдингот “ТАВ Аеродроми“, на 28 октомври, го пречека милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје со церемонија за доделување на награда.  Милионитиот патник се сретна со раководството на „ТАВ Македонија“ и доби целосно платено викенд-патување за двајца во Истанбул.

 Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Зоран Крстевски, на свеченоста изјави:

„ТАВ Македонија“ покажа одличен успех на скопскиот аеродром со 1 милион услужени патници во првите десет месеци од оваа година. Навистина ни е задоволство што ја постигнавме оваа пресвртница на аеродромот „Александар Велики“ - Скопје, како резултат на нашите услуги кои се ориентирани кон патниците.  Поради оваа причина, ја добиваме и наградата за квалитет на аеродромските услуги на Меѓународниот совет на аеродроми веќе две години по ред. Нашиот деловен концепт докажа дека им даваме важност на патниците и на авиопревозниците со највисок квалитет на услуги.“

Крстевски додаде дека нивната цел е да се зголеми бројот на нови дестинации и летови, како и повеќе и подобри комерцијални услуги, како услуги за храна и пијалоци со БТА- операторот на Cakes and Bakes, АТУ – операторот на бесцаринските продавници, редовната автобуска линија со Скопје, такси услугите, агенциите за изнајмување возила, и интернет-услугите.

Алпер Ерсој, заменик-генералниот директор за операции на „ТАВ Македонија“изјави дека откако компанијата го презеде управувањето со аеродромот, бројот на превезени патници, бројот на нови авиолинии и дестинации е во континуиран пораст.

 Порастот на бројот на патници на годишно ниво особено се засили по 2010 година. Ако во  2009 година само 599.519 патници патувале низ скопскиот аеродром, помеѓу јануари и октомври годинава дочекавме еден милион патници. Бројот на патници се зголеми за 66 отсто во изминатите пет години, изјави Ерсој.

Тој нагласи дека од почетокот на раководењето со скопскиот аеродром, компанијата ја прошири мрежата на летови со нови авиопревозници и нови дестинации, при што  моментално има директна авиолинија со 26 градови во Европа, како и со Дубаи.

 Успехот на „ТАВ Македонија“ се заснова особено на знаењето, мрежата и маркетиншката стратегија кои ги има компанијата, рече Ерсој, додавајќи дека компанијата ќе продолжи да соработува со Владата, со владините институции и со авиопревозниците со цел понатамошно да ги развие аеродромите во Скопје и Охрид.

 Покрај дводневното сместување за двајца во хотел во Истанбул и вечера во екслузивен ресторан, среќниот милионити патник доби и ваучер за шопинг во фришопот во вредност од 200 евра, како и обезбедени бесплатни услуги во бизнис-салоните во рамки на аеродромот.

 „ТАВ Македонија“ во 2010 година имаше вкупно 680.080 патници, во 2011 година - 759.928 патници, во 2012 - 828.831 патник, а минатата година - 980.729 патници.

 За „ТАВ аеродроми“

„ТАВ Аеродроми“ е еден од водечки оператори на аеродроми во светот. Освен со тие во Скопје и во Охрид, компанијата менаџира со аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Газипаша“ во Анталија и „Милас-Бодрум“. Под нејзина капа се и аеродромите во Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Медина во Саудиска Арабија и аеродромот во Загреб во Хрватска. „ТАВ“, исто така, работи и во други области на аеродромски услуги вклучувајќи и бесцарински продавници, храна и пијалоци, обезбедување, информатички технологии и друго. Во тој контекст, „ТАВ“ раководи со комерцијалните сегменти на аеродромот во Рига во Летонија. Заедно со своите филијали, компанијата обезбеди услуги на околу 652.000 летови и 84 милиони патници во 2013 година. 

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.